fbpx

Акционери на Твитер ги тужат Илон Маск и Твитер

-

Акционери на Твитер поднесоа тужби против Илон Маск и против Твитер поради „хаотичниот процес на преземање на компанијата“ што управува со истоимената социјална мрежа, во време кога преземањето на компанијата од страна на Маск не е завршен. Акционерите сметаат дека спроведувањето на овој процес довело до неочекувани и големи скокови на цената на акциите, известува „Си-ен-би-си“.

Илон Маск, првиот човек на „Тесла“ и на компанијата за вселенски ракети на 4 април објави дека поседува голем удел акции во Твитер, а 10 дена подоцна понуди да ја откупи целата компанија за 44 милијарди американски долари, односно 54,2 долари по акцијата. Како гаранција, тој вети еден дел од неговото сопствеништво во „Тесла“

Оттогаш, цената на акциите на Твитер падна за повеќе од 12 отсто, а цената на акциите на Тесла за 28 отсто, но на завршувањето на берзанското тргување во САД во средата, тие акции паднале за уште 40 отсто.

Во тужбата што е поднесена завчера, акционерите на Твитер напаѓаат дека Маск ги прекршил корпорациските закони на Калифорнија на неколку полиња, а со тоа и вршел манипулација на пазарот. Акционерите велат дека Маск имал финансиска корист од одложување на разоткривањето на неговиот вистински удел во Твитер и за привремено прикривање на неговиот вистински план во април годинава, да стане член на управниот одбор на социјалната мрежа.

Маск купувал акции на Твитер имајќи инсајдерски информации добиени од приватни разговори со директори и членовив на одборот., вклучително и од доскорешниот генерален директор на Твитер, Џек Дорск, којшто е долгогодишен пријател на Маск.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...