четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: шпекулации | 16 резултати

Граѓаните се свесни за дезинформациите, но справувањето со ова зло мора да биде многу посилно

мај 31, 2022

Главни чинители во намалување на ефектите од дезинформациите треба да бидат институциите задолжени за креирање на медиумските политики, но исто така и самите медиуми, односно новинарите. Но, потребен е систематски пристап, од повеќе фактори, порача истражувачот Ѓорѓи Митревски на сесијата „Состојби и предизвици поврзани со влијанието на дезинформациите во Северна Македонија“, во рамките на конференцијата […]

Акционери на Твитер ги тужат Илон Маск и Твитер

мај 27, 2022

Акционери на Твитер поднесоа тужби против Илон Маск и против Твитер поради „хаотичниот процес на преземање на компанијата“ што управува со истоимената социјална мрежа, во време кога преземањето на компанијата од страна на Маск не е завршен. Акционерите сметаат дека спроведувањето на овој процес довело до неочекувани и големи скокови на цената на акциите, известува […]

Јовески за бТВ: Шпекулација е дека во автобусот имало гориво во туби

ноември 25, 2021

Како шпекулации, во разговор за бугарската телевизија бТВ, Главниот јавен обвинител Љубомир Јовески ги отфрли како шпекулација наводите дека во автобусот на „Беса транс“ имало гориво во пластични туби. Тој додаде дека македонското обвинителство зема ДНК примероци од роднини на загинатите за да се идентификуваат жртвите во несреќата, а потоа резултатите ќе бидат предадени на […]

Ако има потреба, Владата ќе воведе кривично дело „шпекулирање со цени на производи“

март 19, 2020

Ново кривично дело, „шпекулирање со цени на производи“, би можело да биде една од првите законски одредби што ќе ги донесе Владата откако е прогласена вонредна состојба. Таква одредба е веќе подготвена, а ако има потреба, ќе биде воведена со измени на Кривичниот законик, најави денеска министерката за правда Рената Дескоска. – Во соработка со […]

Алијанса за Албанците останува во Владата, потврди Села

октомври 25, 2017

Алијанса за Албанците не излегува од Владата, изјави лидерот на партијата, Зијадин Села, во интервју во емисијата „Топ-тема на ваша страна“ на „Телма“. Информациите дека партијата наводно ја напушта владината коалиција, тој ги нарече шпекулација и политички маркетинг на ДУИ за да се исплашат гласачите. – Ние, како коалиционен партнер, не сме имале дебата на […]

МТСП: Ниту се гради ниту, пак, ќе се гради бегалски камп во Демир Капија

јуни 4, 2017

На територијата на општина Демир Капија ниту се гради ниту, пак, ќе се гради бегалски камп или нешто слично, соопштија денеска од Министерството за труд и социјална политика, кое како дезинформации ги отфрли шпекулациите за наводна изградба на бегалски камп. „Министерството за труд и социјална политика најодговорно потврдува дека се врши реконструкција на Специјалниот завод- […]

Османи: Ги демантирам сите шпекулации за договор за коалиција со која било партија

јануари 29, 2017

Ги демантирам сите шпекулации што излегоа по медиумите за наводен договор помеѓу ДУИ и некоја партија за нов владин состав, тоа се чисти шпекулации, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, кој накратко излезе од состанокот на партиското раководство во Мала Речица за да ги демантира информациите што се појавија по медиумите, a се однесуваат за наводна коалиција помеѓу […]

Поделеност помеѓу Ахмети и членовите на партијата за коалициониот партнер

јануари 29, 2017

Неофицијално, седницата на централното претседателство на ДУИ во Мала Речица почнала со голема поделеност помеѓу членовите на партијата, така што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и неговите најблиски соработници сакале да продолжи соработката со ВМРО-ДПМНЕ, а потпретседателите не се согласувале со ваквата одлука и биле за коалиција со СДСМ. Поделеност во однос на коалицирањето со […]

Законски измени за одговорност за шпекулантите со економски информации

јуни 24, 2016

Гувернерот Димитар Богов најави дека Народна банка ќе побара измени во законската регулатива за одговорност на лицата и на медиумите кои шират шпекулаци кои можат да го загрозат банкарскиот сектор и да предизвикаат негативни економски последици. Богов ова денеска го истакна на Комисијата за финансирање и буџет, а поводот се априлските шпекулации за наводна девалвација на денарот и […]

Наумов: Министерот за финансии и гувернерот ги подгреваат шпекулациите

мај 4, 2016

„Уште неуплатени средствата од вчерашната аукција на државни хартии од вредност, Министерството за финансии денеска објави проспекти за нова аукција по која не доспеваат долгови за враќање. Министерството за финансии побарува нови 9,4 милиони евра, од кои 8,1 милиони евра се побаруваат преку тримесечни државни записи со евро-клаузула и со зголемена каматна стапка“, се вели […]

Обвинителството апелира да не се шпекулира за смртта на девојката од Аеродром

март 11, 2016

Основното јавно обвинителство Скопје апелира да не се изнесуваат шпекулации во јавноста во врска со смртта на девојката од Аеродром, а по утврдувањето на нови релевантни околности, Обвинителството дополнително ќе излезе со информации. Од ОЈО информираат дека очекуваат МВР да им ги достави комплетните податоци од спроведените полициски истраги и прибраните известувања од сите граѓани […]

Еден месец по „Куманово“: Факти, контрадикции, шпекулации и неми институции…

јуни 9, 2015

Денеска е точно еден месец од крвавиот судир на полицијата и на терористичката група во кумановското Диво Насеље, во која осум специјалци на Министерството за внатрешни работи (МВР) загинаа, а 37 беа ранети. Пред четири недели Македонија доживеа колективен шок од кој сè уште закрепнува, што поради сериозноста на заканата, што поради фактот дека сè […]

Страна 1 од 1