понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: преземање | 40 резултати

УБС ја купува Кредит Свис во обид да ја запре банкарската криза

20 март 2023

Најголемата банка во Швајцарија, УБС, се согласи да го купи својот ривал Кредит Свис во итен спасувачки договор кој има за цел да ја запре паниката на финансиските пазари предизвикана од пропаѓањето на две американски банки претходно месецов. „УБС денеска го објави преземањето на Кредит Свис“, се вели во вчерашното соопштение на швајцарската национална банка, […]

Британскиот регулатор се противи на купувањето на „Активижн Близард“ од страна на „Мајкрософт“

9 февруари 2023

Управата за конкуренција и пазари на Обединетото Кралство соопшти дека е против планираното купување на компанијата за развивање игри „Активижн Близард“ од страна на технолошкиот гигант „Мајкрософт“, јавува Би-би-си. Управата смета дека ваквиот договор ќе резултира со повисоки цени, помал избор и помалку иновации и ќе направи штета во индустријата за видеоигри. „Мајкрософт“, како производител […]

Обиди за блокирање на преземањето на „Активижн Близард“ од страна на „Мајкрософт“

30 јануари 2023

Федералната трговска комисија (ФТК) на САД поднесе тужба во обид да го блокира преземањето на „Мајкрософт“ на компанијата за игри „Активижн Близард“ (Activision Blizzard) преку договор вреден 69 милијарди американски долари, пишува „Блумберг“. Според медиумот, американскиот регулатор поднел жалба побрзо од очекуваното бидејќи сакал да ги спречи европските колеги кои се подготвуваат да преговараат за […]

Гејмери тужат за да го спречат преземањето на Активижн од Мајкрософт

22 декември 2022

Десет гејмери поднесоа тужба во федерален суд во САД, во обид да спречат спојување на „Активижн Близард“ (Activision Blizzard), компанијата што ја создаде играта „Call of Duty“ и Мајкрософт. Тужителите велат дека договорот за спојување „тежок“ 69 милијарди американски долари, односно купувањето на ривалот од страна на Мајкрософт, кој ја создаде играчката конзола „Иксбокс“ (Xbox) […]

Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди американски долари

28 октомври 2022

Илон Маск, најбогатиот човек на светот, го купи Твитер и ја додаде компанијата во својата деловна империја по неколкумесечни правни препукувања, пренесе „Врџ“. Според медиумот, преземањето на Твитер Маск го прославил со отпуштање на директорите. Тој ги отпуштил Параг Агравал, кој го наследи Џек Дорси на местото извршен директор на Твитер, како и главниот финансиски […]

Музичарот Канје Вест ја купува контроверзната онлајн платформа „Парлер“

18 октомври 2022

Музичарот Канје Вест, кој сега е познат како Је, ја купува платформата за социјални медиуми „Парлер“ која се опишува како алтернатива за „слободен говор“ на Твитер, пренесе „The Verge“. Веста за преземањето ја сподели „Парлер“ во соопштение во кое се вели дека бил склучен начелен договор со Је, а истиот се очекува да биде затворен […]

Пресврт во договорот меѓу Маск и Твитер – милијардерот сепак ја купува социјалната мрежа?

5 октомври 2022

Милијардерот Илон Маск се предомисли и сега е подготвен да продолжи со преземањето на Твитер, објави „Би-би-си“. Во писмото до компанијата, Маск се согласил да ја плати цената што ја понуди пред неколку месеци пред да се обиде да се повлече од договорот. Изненадувачкиот пресврт доаѓа само неколку недели пред двете страни да излезат на […]

Илон Маск се откажа од зделката од 44 милијарди долари за купување на Твитер

9 јули 2022

Најбогатиот човек на светот Илон Маск сака да ја раскине понудата од 44 милијарди долари за купување на Твитер, со тврдење дека биле прекршени повеќе точки од договорот, пренесе Би-Би-Си. Оваа информација е последна во долгиот развој на сагата за купување на социјалната мрежа која трае од април. Маск вели дека се откажал од намерата […]

Илон Маск се закани дека ќе се повлече од договорот за преземање на Твитер

7 јуни 2022

Илон Маск се закани дека ќе се повлече од преземањето на Твитер со договор вреден 44 милијарди долари, обвинувајќи ја компанијата дека ги оневозможува неговите барања да дознае повеќе за нејзината база на корисници. Светските медиуми јавуваат дека во писмото поднесено до регулаторите, Маск вели дека има право да врши свои мерења на лажните профили […]

Акционери на Твитер ги тужат Илон Маск и Твитер

27 мај 2022

Акционери на Твитер поднесоа тужби против Илон Маск и против Твитер поради „хаотичниот процес на преземање на компанијата“ што управува со истоимената социјална мрежа, во време кога преземањето на компанијата од страна на Маск не е завршен. Акционерите сметаат дека спроведувањето на овој процес довело до неочекувани и големи скокови на цената на акциите, известува […]

Договорот за преземање на Твитер од Илон Маск ставен во мирување

16 мај 2022

Директорот на „Тесла“ и „Спејс Eкс“, Илон Маск, изјави дека договорот за преземање на Твитер вреден 44 милијарди американски долари е ставен во мирување. Како причина за паузирањето на постапката, Маск наведе дека очекува детали кои ќе го поддржат тврдењето на Твитер дека лажните профили на оваа социјална мрежа изнесуваат помалку од 5 проценти од […]

Грчкото електростопанство ја купува ЕДС на вицепремиерот Анѓушев

11 јануари 2018

Грчката национална компанија за производство на струја, „Паблик пауер корпорејшн“ ППЦ (Public Power Corporation) ја почнала постапката за купување на компанијата „Енерџи деливери солушнс“ (ЕДС) на вицепремиерот Кочо Анѓушев, информираат од компанијата. Од таму се додава дека, постапката за целосно купување на групацијата ЕДС со сите нејзини подружници на Балканот, ќе се реализира откако одобрение за […]

КХВ: „Балкан петролеум“ не може да даде понуда за преземање на „Макпетрол“

29 декември 2017

Комисијата за хартии од вредност (КХВ), на денешната седница одлучи, на „Балкан петролеум“ да не му се издаде дозвола за давање понуда за преземање на „Макпетрол“, соопштуваат од таму. Ваквата одлука, Комисијата ја донела откако на 18 декември, со допис од страна на друг државен орган, била известена дека, претходно е решено прашањето за случајот. […]

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Камбрилс

19 август 2017

Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за нападот во Камбрилс, во Каталонија, каде што петмина терористи со автомобил повредија петмина граѓани и еден полицаец, јавуваат светските медиуми. Полицијата ги уби петмината терористи, а идентификувани се телата на тројцата од нив. Истовреме, безбедносните сили трагаат по возачот на комбето кој изврши напад во Барселона, односно влета […]

Владата ги отвори седниците – дневниот ред и записниците достапни на интернет

17 август 2017

Јавноста од денеска има можност да ги види дневните редови и заклучоците од сите седници на Владата на нејзината официјална интернет страница. Ваквата новина Владата ја соопшти попладнево, преку својот „твитер профил“. На интернет-страницата е додадено ново „прозорче“ – „Седници на Влада“, каде во табела се наведени датумите, дневниот ред и записниците и соопштијата од […]

Естонија го презеде претседавањето со Европската Унија

1 јули 2017

Естонија денеска го презеде шестмесечното претседателство со Европската Унија од Малта. Естонскиот премиер, Јури Ратас, и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, вчера имаа средба на која разговараа околу програмата на естенското претседавање со ЕУ. „Вашиот тим е подготвен и ги видовме големите напори кои ги вложивте во изминатите неколку месеци. Претседателството е во […]

Вучиќ положи заклетва, се степаа неговите поддржувачи и противници

31 мај 2017

Досегашниот премиер на Србија, Александар Вучиќ, денеска положи заклетва пред пратениците во Собранието на Србија, со што и официјално ја презеде должноста претседател во наредниот петгодишен мандат. На специјално изработен примерок на српскиот устав и реплика на Мирославовото евангелие, Вучиќ се заколна дека како претседател „сите свои сили ќе ги посвети на зачувување на суверенитетот […]

Случајот „Маѓар телеком“ финишира во САД, кај нас заглавен во обвинителствата и во судовите

25 април 2017

Во Македонија во моментов се водат две постапки за „Маѓар телеком“, кои, иако се почнати поодамна, намерно или не, никако да мрднат од мртва точка. Вчера поранешните директори на „Маѓар телеком“, Елег Штрауб и Андрас Балог, кои беа обвинети за водење тајни договори со премиер и со други лица од Македонија за да ја спречат конкуренцијата […]

Берни Еклстоун „исфрлен“ по 40 години, Формула 1 во рацете на „Либерти медиа“

24 јануари 2017

Берни Еклстоун, кој беше на врвот на Формула 1 речиси 40 години, сега е само почесен претседавач и советник на одборот на директори, откако „Либерти медиа“ го заврши преземањето на Формула 1 почнато во септември лани, јавија светските медиуми. Функцијата главен извршен директор што ја извршуваше Еклстоун сега е во рацете на претседателот на компанијата, Чејс […]

Сириската војска го зазеде стариот дел на Алепо

7 декември 2016

Сириската војска денеска ја презела целосната контрола над стариот дел на Алепо, кој беше држен од бунтовничките сили, соопшти сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, јавуваат светските агенции. Сириската војска во стариот дел на градот, кој е втор по големина во Сирија, влегла вчера. Како што јавуваат агенциите, бунтовничките сили во последните […]

Страна 1 од 2