недела, 15 март, 2026
Meta.mk

Ознака: берза | 38 резултати

Америкаснките берзи во раст откако Доналд Трамп паузираше дел од реципрочните царини

9 април 2025

Американските берзи забележаа драматичен раст во средата, откако претседателот на САД Доналд Трамп објави 90-дневна пауза на дел од „реципрочните“ царини. Индексот Дау Џоунс скокна за 2.377 поени (6,2 отсто), што е најголем дневен раст од 2020 година наваму, објавија медиумите во САД. Стандард и Пурс 500, пак, забележа раст од 7,3 отсто, додека вредноста […]

Индексот МБИ10 на Македонската берза забележа пад од 3,8 отсто

7 април 2025

Индексот на Македонската берза МБИ10 денеска забележа пад од 3,8 отсто, како индиректна реакција на воведувањето на царините на американскиот претседател Доналд Трамп и падот на светските берзи што следуваше во деновите потоа. Денешните најтргувани акции на берзата сите забележаа пад. Меѓу нив, најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка, која забележа пад од 5,6 отсто, […]

Големи падови на светските берзи по распродажбата на Волстрит предизвикана од тарифите на Трамп

11 март 2025

Европските и азиските берзански индекси беа мешани во вторникот, следејќи ја распродажбата на Волстрит предизвикана од загриженоста за ефектите од тарифите на претседателот Доналд Трамп, пренесува Асошиејтед Прес. Фјучерсите за S&P 500 и Dow Jones Industrial Average се зголемија за 0,3%. Германскиот DAX порасна за 0,6% на 22.764,82, додека CAC 40 во Париз додаде 0,7% […]

Трамп воведува нови царини од 25 отсто за Мексико и Канада

4 март 2025

Соединетите Американски Држави денес воведоа нови царини од 25 отсто за извозот од своите два најголеми трговски партнери, Мексико и Канада, и покрај тврдењата на двете соседни земји дека го намалиле нелегалното доселување и протокот на недозволени дроги во САД, како што бараше претседателот Доналд Трамп, пренесува Гласот на Америка. Американскиот лидер првпат ги најави […]

Започна со работа првата берза за струја во земјава

10 мај 2023

Националниот оператор на пазар со електрична енергија „Мемо“, го воспостави првиот организиран пазар на електрична енергија во Северна Македонија. По тој повод, премиерот Димитар Ковачевски преку писмо го нагласи и значењето во процесот на поддршката на Секретаријатот на Енергетската Заедница и на УСАИД. „Ова е уште еден голем ден за економијата и за перспективите на […]

Акционери на Твитер ги тужат Илон Маск и Твитер

27 мај 2022

Акционери на Твитер поднесоа тужби против Илон Маск и против Твитер поради „хаотичниот процес на преземање на компанијата“ што управува со истоимената социјална мрежа, во време кога преземањето на компанијата од страна на Маск не е завршен. Акционерите сметаат дека спроведувањето на овој процес довело до неочекувани и големи скокови на цената на акциите, известува […]

Редит заедницата и платформата „Робинхуд“ во фокус на сослушувањето за случајот „Гејмстоп“

20 февруари 2021

Берзанската сага што започна со луди промени во цената на акциите на „Гејмстоп“ минатиот месец дојде до ново поглавје – сослушување на Комитетот за финансиски услуги на Претставничкиот дом, кој ги испрашува најважните играчи вклучени во приказната. Претседателката на Комитетот, Максин Вотерс, сослушувањето го наслови „Играта запре (Game Stopped) – Кој победува и кој губи […]

„Гејмстоп“: Продолжува војната помеѓу Волстрит и Реддит заедницата

3 февруари 2021

Американската берза изминативе три недели доживеа потрес откако група корисници на мрежата „Реддит“ одлучија да им се спротивстават на големите инвеститори од Волстрит и да играат против нивните мултимилионски обложувања. Голем број корисници на Реддит во групата „wallstreetbets“ започнале со купување на акции во компанијата за видео игри и забава „Гејмстоп“, пркосејќи им на инвеститорите […]

Корона вирусот ја враќа Македонската берза во 2019 година

18 март 2020

Рекорден пад на вредноста има кај македонскиот берзански индекс МБИ10 во изминативе десетина дена поради појавата на корона вирусот. Денеска индексот падна под границата од 3.800 индексни поени, а на 5 март изнесуваше 4.997 индексни поени. Податоците на берзата покажуваат дека последен пат вредноста на МБИ10 била под границата од 4.000 индексни поени во август, […]

На првиот ден на котација не се продаде ниту една државна обврзница

9 јануари 2019

Незаинтересираност меѓу инвеститорите можеше да се забележи вчера на  Македонската берза на хартии од вредност каде започна тргувањето со 132 емисии на државни обврзници, со вкупна номинална вредност од 54.184.070.000 денари или 881 милион евра. Не берзата се тргуваше со акции во редовни и во блок трансакции, но ниту една трансакција со новите државни обврзници. […]

Кои компании се најголеми добитници, а кои најголеми губитници на Македонската берза?

25 декември 2018

Од вкупно 101 компанија што котираат на Македонската берза заклучно со септември, годинава добивка оствариле 72, а загуба 29 компании. Овие 72 компании оствариле вкупна добивка од 213 милиони евра, што е зголемување во однос на истиот период минатата година кога добивка оствариле 75 компании, но таа изнесувала 151 милион евра. Загубата на 29-те компании […]

Повеќе од 80 лица се повредени при рушење на тераса во зградата на индонезиската берза

15 јануари 2018

Повеќе од 80 лица се повредени при рушење на тераса во зградата на индонезиската берза. Во моментот на рушење на терасата, имало голем број на студенти кои биле во посета на берзата во Џакарта. Полицијата ги евакуирала луѓето и ги утврдува причините за несреќата. Според информациите од портпаролката на индонезиската берза, немало застој во работата на системот и […]

Манчев: Струјата произведена на мазут би била поскапа од увезената

13 јануари 2017

„Неуките експерти на СДСМ целосно промашуваат кога станува збор за вклучувањето на ТЕЦ Неготино. Вистината е дека според цената на мазутот, струјата произведена на мазут би била многу поскапа од увезената, која е купена на берза“, изјави на прес-конференција Ванковер Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на изјавата на Митко Андреевски од СДСМ за цената на […]

Фудбалскиот клуб „Брегалница“ ќе се продава на берза

31 август 2016

Општината Штип, преку основен пакет на акции во износ од 25.000 евра, на берза ќе го продава акционерското друштво „Брегалница 2008“. Оваа одлука ја официјализираше мнозинството на седницата на Советот на Општината Штип. Ова е обид прволигашот „Брегалница“ да стане вториот градски фудбалски клуб, по примерот на „Вардар“, кој ќе се продава на Македонската берза […]

Американските берзи рушат рекорди во тргувањето, а европските стагнираат

16 август 2016

Акциите на американските берзи на почетокот на денешното тргување се вратија на рекордно високо ниво, бидејќи повисоките цени на нафтата ја зголемија вредноста на акциите на енергетските компании. Истовреме акциите на европските берзи главно стагнираат, при што лондонскиот и франкфуртскиот индекс оствариле само мало зголемување, додека парискиот индекс стагнирал. Цената на акциите на нафтените компании […]

Вредноста на акциите на Лондонската берза се зголеми, фунтата падна

6 јули 2016

Најновите мерки на Централната банка на Англија денеска ја подигнаа вредноста на акциите на Лондонската берза, но фунтата повторно падна. Индексите на европските берзи во Европа, САД и во Азија паднаа бидејќи трговците продолжија да ја следат кризата во италијанскиот банкарски сектор. Имено, Европската централна банка предупреди дека банката „Монте деи Паски де Сијена“, која […]

Британска компанија сака да го преземе „Макпетрол“

9 јуни 2016

Британската компанија „Балкан петролеум холдинг лимитед“ (Balkan Petroleum Holding Limited) сака да го преземе акционерското друштво „Макпетрол“ АД – Скопје по цена од 25.908 денари за една акција, се соопштува на Македонска берза. – Во согласност со член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, ги известуваме сите акционери на „Макпетрол“ АД – Скопје […]

Пад на акциите на светските берзи поради неизвесноста од останувањето на Лондон во Унијата

19 февруари 2016

Акциите на светските берзи денеска загубија од вредноста поради понатамошниот пад на цената на нафтата и како резултат на очекувањето на исходот од преговорите за спречување на излегување на Обединетото Кралство од Европската унија. Британскиот премиер Дејвид Камерон порача дека договор со европските лидери сè уште нема и дека нема да се откаже од британските барања за […]

Продолжува падот на берзата во Атина

4 август 2015

Главниот атински индекс утринава падна за четири отсто откако вчера, на првиот ден од тргувањето по пауза од пет недели, заврши со загуба од 16,2 отсто. Берзата во Атина е затворена на 29 јуни, кога должничката криза ја достигна кулминацијата и беше воведена контрола на капиталот за да се спречи колапс на банкарскиот систем. Банките во […]

Цената на нафтата на најниско ниво во последните шест месеци

28 јули 2015

Цената на нафтата на меѓународните пазари денеска се спушти на најниска вредност во последните речиси шест месеци, откако падот на цената на кинеските акции го зголеми сомнежот во изгледите за побарувачка на сурова нафта од Кина, водечкиот светски потрошувач. Цената на барел сурова нафта во Лондон падна за 78 центи, на 52,69 американски долари, а […]

Страна 1 од 2