fbpx

На првиот ден на котација не се продаде ниту една државна обврзница

-

Незаинтересираност меѓу инвеститорите можеше да се забележи вчера на  Македонската берза на хартии од вредност каде започна тргувањето со 132 емисии на државни обврзници, со вкупна номинална вредност од 54.184.070.000 денари или 881 милион евра. Не берзата се тргуваше со акции во редовни и во блок трансакции, но ниту една трансакција со новите државни обврзници.

Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето. Каматните стапки се движат во распон од  0,9 отсто за рок на достасување од 12 месеци до 5,3 отсто за рок на достасување од 30 години. Во вкупно издадените обврзници има 74 петнаесетгодишни, а само 3 се со рок на достасување од триесет години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Повредена млада мечка на патот Тетово-Непроштено по удар од автомобил

Доцна вечерва на локалниот пат Тетово - с. Непроштено патничко моторно возило удрило во млада мечка која го минувала патот заедно со една поголема мечка и уште две помали,...