fbpx

Започна со работа првата берза за струја во земјава

За државата и за граѓаните, почетокот со работа на берзата, значи можност за нови странски инвеститори, кои ги мотивираме да инвестираат во обновливи извори на енергија во земјава, вели премиерот Ковачевски

-

Националниот оператор на пазар со електрична енергија „Мемо“, го воспостави првиот организиран пазар на електрична енергија во Северна Македонија. По тој повод, премиерот Димитар Ковачевски преку писмо го нагласи и значењето во процесот на поддршката на Секретаријатот на Енергетската Заедница и на УСАИД.

„Ова е уште еден голем ден за економијата и за перспективите на граѓаните. Започнува со работа првата македонска берза за тргување со електрична енергија. Снабдувачите на енергија за индустријата и институциите, како и трговците, повеќе нема да бараат енергија на странски пазари. Преку берзата за тргување со електрична енергија, на македонскиот пазар, ќе се побарува и добива електрична енергија“, напишал Ковачевски во писмото.

Снабдувачите ќе побараат и платат енергија денес и ќе ја добијат веднаш – утре.

Работата на оваа берза, значи сигурност за производството на струја, сигурност за болниците, за училиштата, за сите институции, кои набавуваат енергија на либерализираниот пазар, односно, стабилно снабдување со струја и можност за ефикасна набавка на достапни количини на струја.

„За компаниите и за инвеститорите ова е можност за транспарентно и недискриминирачко тргување со електрична енергија. За државата и за граѓаните, почетокот со работа на берзата, значи можност за нови странски инвеститори, кои ги мотивираме да инвестираат во обновливи извори на енергија во земјава“, навел Ковачевски во писмото.

Неговата визија е Македонија да биде модерна, целосно интегрирана земја во европскиот енергетски пазар.

„И Владата, преку „Мемо“, веќе го направи клучниот чекор за поврзување со регионалните организирани пазари и со европскиот пазар, согласно Пан-европскиот модел. Отворањето на македонската берза за електрична енергија можело и требало да се случи уште пред 10 години, но не случајно е денес“, се додава во писмото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...