fbpx

Реакција на ААВМУ за начинот на информирање за неодамнешните трагедии во Србија

Вклучувањето описи, сцени и глетки на насилство или друг материјал којшто може да го загрози физичкиот, психичкиот и моралниот развој на децата и младите, мора да биде засновано на одговорна уредничка проценка за неопходноста на нивно прикажување, реагира Агенцијата

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) информираше дека имајќи ги предвид неодамнешните случувања во Србија, како и претставките кои граѓаните ги упатиле за начинот на информирање, ги повикува сите медиуми при известувањето за трагични настани да се придржуваат до највисоките професионални стандарди и етички вредности.

Ова, велат од ААВМУ, особено се однесува на информирањето за настани во кои се вклучени малолетни лица кои се сторители или жртви на кривични дела.

„Вестите и информативните програми не треба да се темелат на сензационализам туку треба да содржат проверени информации. Вклучувањето описи, сцени и/или глетки на насилство или друг материјал којшто може да го загрози физичкиот, психичкиот и моралниот развој на децата и младите, мора да биде засновано на одговорна уредничка проценка за неопходноста на нивно прикажување. Професионалната одговорност подразбира и дека жртвите на насилство треба да се третираат со максимална почит и да се води сметка за заштита на приватноста, човековото достоинство, како и личната болка и жалост на жртвите“, велат од ААВМУ.

Од Агенцијата додаваат дека, покрај медиумите, и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи треба да покажат максимална општествена одговорност при реемитување сервиси кои содржат програми со насилство, вулгарен говор и други непримерни содржини оти влијаат лошо врз малолетниците и можат да ја вознемират јавноста со таквите содржини.

„Тоа значи дека треба да бидат особено внимателни при одлучувањето какви сервиси ќе реемитуваат и да применуваат најстроги технички мерки за родителска контрола“, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...