fbpx
Таг: информирање

таг: информирање

Реакција на ААВМУ за начинот на информирање за неодамнешните трагедии во Србија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) информираше дека имајќи ги предвид неодамнешните случувања во Србија, како и претставките кои граѓаните ги упатиле за начинот на информирање, ги повикува сите медиуми при известувањето за трагични настани да се придржуваат до највисоките професионални стандарди и етички вредности. Ова, велат од ААВМУ, особено се однесува на информирањето за настани во кои...

Од утре започнува караван за вакцинација, граѓаните ќе може да се вакцинираат на лице место

Од утре, Министерството за здравство, со поддршка од УСАИД, УНИЦЕФ и Светската здравствена организација ќе го започне караванот за информирање и вакцинација, информираат во министерството. Предвидено е да се посетат 24 заедници низ земјата, под слоганот „Заедно заштитени - вакцините делуваат“. „Караванот ќе пренесува до локалните заедници информации за редовните вакцини за деца, за вакцините против сезонски грип и за...

ЗНМ и СЕММ бараат крајна внимателност при известувања за лични трагедии или самоубиства

Здружението на новинарите (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по повод известувањето на дел од медиумите во врска обидите за самоубиство, ги повикуваат новинарите на максимално почитување на етичките стандарди и норми и воздржување од сензационалистичко информирање. „Притоа, потсетуваме на член 7 од Кодексот на новинарите, според кој „новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен...

Креативна акција во Прилеп за поголема свесност и информираност за вакцинација

Во Општина Прилеп денеска, на плоштад Александрија – Камена бина, се спроведе креативна акција за информирање и подигнување на свесноста за потребата за вакцинација за заштита од ковид-19, под мотото: „Информирај се, пријави се и вакцинирај се“. Целта беше информирање на пошироката јавност за вакцинацијата за заштита од ковид-19, како и давање на практична помош на граѓаните да се...

Неточното известување најчеста причина за пријави во Советот за етика во медиумите за време на пандемијата

Најчесто пријавени нарушувања во известувањата на медиумите за време на пандемијата со ковид-19 се неточното и сензационалистичко известување, недоволна заштита на приватноста и личните податоци, како и отежнатиот пристап до информации. Ова денеска беше истакнато на онлајн дебата на тема „Медиумска саморегулација – што донесе пандемијата?“ во организација на Советот за етика во медиумите (СЕММ), во соработка со Мисијата на...

Обединет Балкан за чист воздух: Јавниот притисок како клучна алатка да бидеме информирани за квалитетот на воздухот

Локалните и државните институции треба на граѓаните да им дадат навремени информации за аерозагадувањето, како што тоа го прават во случаи кога се намалува квалитетот на водата во јавните системи за снабдување или кога има зголемување на сончевото ултравиолетово зрачење. Јавниот притисок останува клучна алатка за подобрување на системот за следење и исполнување на правото да бидеме соодветно информирани...

Стартува кампањата „Мој труд, мои права!“ за информирање за правата од работен однос

Започнува кампањата за подигнување на свеста за работничките права: „Мој труд, мои права!“, која ќе се спроведува во наредните неколку месеци, а чија цел е да ги информира вработените, лицата кои бараат работа, младите и работодавачите за правата и за обврските што произлегуваат од работниот однос. На денешната прес конференција организирана од Меѓународната организација на трудот (МОТ), беше најавен почетокот...

Онлајн анкета: Младите велат дека можат да препознаат лажна вест, но често веруваат во дезинформациите за ковид-19

Околу три четвртини (74%) од испитаниците кои одговорија на прашањата на онлајн анкетата за млади велат дека знаат да препознаат лажни вести. Дваесет и еден процент (21%) не размислувале дали одредена вест е лажна, додека пак останатите 5 отсто одговориле дека не можат да препознаат лажна вест. Онлајн анкетата за млади беше спроведена преку инстаграм профилите на „Мета.мк“ и „Студентарија“...

Студија на РЕСИС: Граѓаните телевизијата и интернетот денес подеднакво ги користат за информирање

Македонските граѓани забрзано ги менуваат своите навики за информирање за домашните настани од медиумите и сè повеќе го користат интернетот, при што 72 отсто од граѓаните до интернет содржини во земјава пристапуваат преку мобилен телефон, а 38 отсто преку компјутер. Ова се дел од резултатите од истражувањето „Утврдување на влијанието на новите медиуми врз формирањето на јавното мислење и...

СЕММ: 66 проценти од жалбите за непрофесионално информирање се однесуваат на шпекулации за ковид-19

Советот за етика во медиумите (СЕММ) продолжува да реагира на зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување, а особено на ширењето шпекулации кај одредени медиуми во врска со пандемијата на корона вирусот. Од таму сметаат дека едностраното и шпекулативното известување во вакви услови може дополнително да ја зголеми вознемиреноста и паниката и да поттикне нерационално однесување од страна на граѓаните. „Од...

Владата отвори канал на „Вибер“, за точно информирање за корона вирусот

Владата отвори нов информациски канал на „Вибер“, за точно и навремено информирање на граѓаните со официјални и проверени информации поврзани со справувањето со корона вирусот, информираат од таму. „Првиот владин комуникациски канал на „Вибер“ (Viber Community) може да се најде под името „Коронавирус МК Koronavirus“, исто како и останатите комуникациски алатки кои Владата интервентно ги отвори со цел интензивирање на...

Макрадули: Ако и утре продолжи загадувањето ќе стапат на сила времени мерки

Дефиниран е надминат праг на информирање односно сме во состојба на информирање за загадувањето на воздухот кога важат препораките да не се излегува надвор, јавниот превоз да се користи, повеќе граѓани да бидат во едно возило, изјави денеска заменик-министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули. За надминувањето на прагот на информирање, Макрадули рече дека е информирана јавноста и институциите...

Во Атина не се сигурни: Μακεδονία του Ίλιντεν или Δημοκρατία της Ίλιντεν Μακεδονίας

Грчките медиуми ги преземаат информациите од македонските портали околу новиот предлог за името. Во грчка транскрипција и превод, првичните верзии се „Македониа ту Илинден“ (Μακεδονία του Ίλιντεν – Илинденска Македонија) или „Димократиа тис Илинден Македониас“ (Δημοκρατία της Ίλιντεν Μακεδονίας – Република Илинденска Македонија). Информациите се главно околу историјатот на терминот и засега нема коментари колку тоа се вклопува во грчките црвени...

ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме единствената партија што го осуди објавувањето на некролозите

ВМРО-ДПМНЕ остро ги осудува манипулациите објавени во текстот на порталот „Мета“ со наслов  „Дали странците треба да се загрижени кога ВМРО им се заканува“, објавен на 23 декември 2016 година, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод објавениот текст на новинската агенција „Мета“. - Наводите во текстот се груби манипулации со кои некој сака да создаде погрешна претстава во...

Советот на честа на ЗНМ ја осуди реакцијата од кабинетот на претседателот Иванов

Советот на честа при Здружението на новинари изразува загриженост и го осудува непримерниот речник  во реакцијата на Кабинетот на Претседателот на РМ, по повод текстот „Иванов во изолација на Водно“. „Советот смета дека е неприфатливо оваа државна институција во реакцијата потпишана од генералниот секретар, Борис Јосифовски, да користи вокабулар од типот ’Вашите лични фрустрации, комплекси и недостаток на домашно воспитување...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...