fbpx

Креативна акција во Прилеп за поголема свесност и информираност за вакцинација

-

Во Општина Прилеп денеска, на плоштад Александрија – Камена бина, се спроведе креативна акција за информирање и подигнување на свесноста за потребата за вакцинација за заштита од ковид-19, под мотото: „Информирај се, пријави се и вакцинирај се“. Целта беше информирање на пошироката јавност за вакцинацијата за заштита од ковид-19, како и давање на практична помош на граѓаните да се регистрираат во онлајн системот vakcinacija.mk.

„Од оваа акција се очекува да произлезат помали акции во одредени населени места: ромската населба–Тризла во Прилеп, во руралните места во кои граѓаните имаат потреба од дигитална поддршка за обезбедување термин за вакцинација, како и за дополнителни информации преку кои тие би се ослободиле од лажните вести поврзани со вакцинацијата што се шират по социјалните мрежи“, соопштија од П.Е.Т., Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. од Прилеп, еден од учесниците на оваа акција.

Според нив, во Прилеп и во околните рурални места живеат голем број граѓани кои со различни економски, социјални и географски бариери, како и дека има многу дигитално неписмени луѓе, па вестите и соопштенијата кои Владата ги објавува во врска со вакцинацијата, не можат да допрат до пошироките маси. Исто така, дека пред 7 дена во Прилеп се отвори првиот вакцинален пункт, а во моментов се аплицираат единствено вакцини на АстраЗенека кои се наменети за граѓани над 60 годишна возраст. Останатите се приморани да патуваат до Битола за да примат вакцина од друг производител, што ги изложува на дополнителни трошоци.

Денешниот настан се состоеше од креативно изработен симбол од корона вирусот и шприц во голем формат, посветен на вакцината. Се споделуваа информации во врска со имунизацијата преку дистрибуција на мали картонски, симболични шишенца со вакцини. Беше отворен и штанд на кој граѓаните имаа можност да се информираат и да се пријават за вакцинација во истиот момент.

Акцијата е дел од обуката за креативен активизам на ромски организации која ја спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија со Центарот за современи уметности од Скопје, а на обуката, во креирањето и спроведувањето на акцијата учествуваа претставници на Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. (Прилеп); ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија назаедниците (Скопје); Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе (Скопје) и Здружение Национален Ромски Центар (Куманово).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...