fbpx

Двајца ученици во тетовско училиште оставиле лист хартија со закани и имиња на соученици

За два дена, ова втор случај во земјава во кој основци прават списоци со закани за свои соученици

-

Ученик и ученичка во основно училиште во Тетово во тоалетот оставиле лист хартија на кој биле испишани имиња на други ученици од училиштето, како и закани, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

По пријавата на случајот, со 11-годишните ученици денеска полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово (СВР Тетово) извршиле службен разговор во присуство на психолог, педагог и родителите.

„Известен е Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.

За два дена, ова втор случај во земјава во кој основци создале список со закани за свои соученици. Вчера во СВР Скопје, 47-годишна жена пријавила дека ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“ во Центар направила список со закани за соучениците.

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски вчера ги свикал на состанок сите директори на училиштата од оваа општина, при што било разговарано за случајов, потврди за Мета.мк директорка на училиште од Општина Центар.

По масакрот што го изврши седмоодделенец во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, експертите предупредуваа дека во една ваква ургентна состојба може брзо да се појави „домино ефект“, што впрочем и се случува во соседна Србија по трагедијата. Тамошната полиција морала да реагира во повеќе од 20 случаи во кои имало закани на ученици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Испробајте го демото на Assassin’s Creed Mirage на Epic Games до 30 април

Промоцијата на Epic Games за демото, односно trial (пробната), верзија на Mirage, најновиот наслов во Assassin’s Creed (AC) серијалот, може да се испроба до 30ти април бесплатно. Дејството на...