Британската компанија „Балкан петролеум холдинг лимитед“ (Balkan Petroleum Holding Limited) сака да го преземе акционерското друштво „Макпетрол“ АД – Скопје по цена од 25.908 денари за една акција, се соопштува на Македонска берза.
– Во согласност со член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, ги известуваме сите акционери на „Макпетрол“ АД – Скопје дека имаме намера да објавиме понуда за преземање на акционерското друштво „Макпетрол“ АД – Скопје по цена од 25.908 денари за една акција. Понудата за преземање ќе биде објавена по добивањето дозвола од страна на Комисијата за хартии од вредност – се вели во намерата за преземање објавена на берзата, која е објавена и како оглас во дневните весници.