fbpx

Корона вирусот ја враќа Македонската берза во 2019 година

-

Рекорден пад на вредноста има кај македонскиот берзански индекс МБИ10 во изминативе десетина дена поради појавата на корона вирусот. Денеска индексот падна под границата од 3.800 индексни поени, а на 5 март изнесуваше 4.997 индексни поени.

Податоците на берзата покажуваат дека последен пат вредноста на МБИ10 била под границата од 4.000 индексни поени во август, минатата година.

Во спречување на континуираното паѓање на вредноста на МБИ10 се чини дека не помогна ниту завчерашната одлука на Одборот на директори на Македонска берза за промена на ценовните ограничувања при тргувањето (статички и динамички лимити.

Според одлуката, за хартиите од вредност кои се во режим на континуирано тргување статичките лимити изнесуваат +/-5% од официјалната просечна цена за хартијата од вредност на претходниот ден на тргување, а динамичките лимити изнесуваат +/-1,5% од моменталната референтна цена за хартијата од вредност.

За хартиите од вредност кои се во режим на аукциско тргување и имаат статички лимити, истите изнесуваат +/-10% од официјалната просечна цена за хартијата од вредност на претходниот ден на тргување, а динамичките лимити изнесуваат +/-1,5% од моменталната референтна цена за хартијата од вредност.

За хартиите од вредност кои се во режим на аукциско тргување и немаат статички лимити, истите продолжуваат да се тргуваат без статички лимити, а динамичките лимити изнесуваат +/-1,5% од моменталната референтна цена за хартијата од вредност.

„Одборот на директори и во наредниот период ќе ги следи пазарните состојби на дневно ниво и ќе презема соодветни мерки во рамките на неговите овластувања, за кои јавноста ќе биде навремено известувана“, соопшти берзата.

Ако се земе предвид дека случувањата на берзата вообичаено го отсликуваат расположението меѓу инвеститорите и воопшто состојбата во економијата извесно е дека доколку потрае заканата од корона вирусот може да очекуваме рецесија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...