fbpx

Пад на турската берза и на валутата по парламентарните избори

-

Истанбулската берза утринава, веднаш по отворањето, забележа пад од шест отсто, додека турската валута регистрирала благ пад по парламентарните избори во земјата, каде владејачката Партија на правда и развој (АКП) по 13 години владеење го изгуби апсолутното мнозинство во парламентот. Индексот на берзата паднал за 6,1 отсто, половина час по отворањето, додека турската лира се продавала за 2,78 долари, што е пад од 3,96 отсто, како и за 3,10 евра (пад од 4,1 отсто).

АКП на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неделата претрпе сериозен удар на парламентарните избори откако го изгуби очекуваното мнозинство, поради што нема да може сама да формира влада, ниту да го менува уставот за зајакнување на претседателските функции.

Според конечните резултати, АКП победи со 40,7 отсто гласови, односно 258 од 550 пратенички места, а Ердоган се надевал дека ќе добие 330 места. Владејачката партија првпат од своето владеење од 2002 година, мора да формира коалициска влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...