fbpx

Продолжува падот на берзата во Атина

-

Главниот атински индекс утринава падна за четири отсто откако вчера, на првиот ден од тргувањето по пауза од пет недели, заврши со загуба од 16,2 отсто.

Берзата во Атина е затворена на 29 јуни, кога должничката криза ја достигна кулминацијата и беше воведена контрола на капиталот за да се спречи колапс на банкарскиот систем. Банките во меѓувреме се отворени, но е задржано ограничувањето за повлекување пари.

Грчката влада почна преговори со меѓународните кредитори за третиот пакет помош за следните три години, во вредност од околу 85 милијарди евра. Преговорите мора да бидат завршени до 20 август, кога доспева големата рата од долгот кон Европската централна банка, во износ од 3,2 милијарди евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...