fbpx

Кои компании се најголеми добитници, а кои најголеми губитници на Македонската берза?

-

Од вкупно 101 компанија што котираат на Македонската берза заклучно со септември, годинава добивка оствариле 72, а загуба 29 компании. Овие 72 компании оствариле вкупна добивка од 213 милиони евра, што е зголемување во однос на истиот период минатата година кога добивка оствариле 75 компании, но таа изнесувала 151 милион евра.

Загубата на 29-те компании во првите девет месеци од годинава изнесувала 15,6 милиони евра, што е исто така зголемување во однос на истиот период минатата година кога загуба оствариле 26 компании, но таа изнесувала 12,9 милиони евра.

Најголема добивка меѓу 101 компанија што котираат на берзата оствариле:

  1. Стопанска банка Скопје (42,1 милиони евра)
  2. НЛБ Банка (30,2 милиони евра)
  3. Комерцијална банка (28,1 милиони евра)
  4. Македонски телеком (21,3 милиони евра)
  5. Мермерен комбинат Прилеп (18,4 милиони евра)

Најголема загуба во истиот период оствариле:

  1. Тутунски комбинат АД Прилеп (‐ 3,7 милиони евра),
  2. ЗК Пелагонија АД Битола (‐ 3,7 милиони евра),
  3. Арцелор Миттал (ЦРМ) АД Скопје (‐2,8 милиони евра),
  4. Технометал Вардар АД Скопје (‐1 милион евра),
  5. Арцелор Миттал (ХРМ) АД Скопје (-910.607 евра)

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...