четврток, 22 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Твитер | 239 резултати

Твитер го означи Би-Би-Си како „медиум финансиран од владата“

10 април 2023

Британскиот радиодифузер Би-Би-Си реагира на етикетирањето што го доби на својот главен профил на Твитер, каде е опишан како „медиум финансиран од владата“. Корпорацијата стапила во контакт со гигантот за социјални мрежи за да го реши проблемот што поскоро. „Би-Би-Си е, и отсекогаш бил независен. Ние сме финансирани од британската јавност преку надоместокот за лиценца“, […]

Само корисниците што плаќаат 8 долари месечно ќе можат да гласаат на анкети на Твитер

28 март 2023

Нови промени на платената функција на Твитер, наречена Твитер Блу (Twitter Blue), најавува шефот на компанијата – милијардерот Илон Маск. Почнувајќи од 15 април, само корисниците што платиле за син беџ и имаат верификувани сметки ќе можат да гласаат на анкетите на оваа социјална мрежа. Според новата политика, само твитовите објавени од верификуваните профили ќе […]

Твитер сега вреди помалку од половина од она што Маск го плати за компанијата

27 март 2023

Твитер вреди помалку од половина од она што Илон Маск го плати за платформата пред шест месеци, според пресметките засновани на протечениот меморандум испратен од милијардерот до вработени во компанијата. Според напишаното од Маск во меморандумот, платформата за социјални медиуми сега се проценува на помалку од 20 милијарди долари, јавува „Гардијан“. Во октомври минатата година, […]

„Мета“ гради нова социјална мрежа како ривал на Твитер

13 март 2023

Матичната компанија на Инстаграм и Фејсбук, „Мета“ во моментов работи на изградба на нова самостојна платформа за споделување на текст, потврдиле од технолошкиот гигант за Си-ен-ен. Доколку лансира таква платформа, новата социјална мрежа ќе биде главен ривал на Твитер, која „пропаѓа“ под раководството на Илон Маск. Апликацијата која ќе биде слична на Твитер ќе ѝ […]

Мексиканскиот претседател објави фотографија од, како што тврди, митолошко суштество

1 март 2023

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор во саботата објави фотографија на своите профили на социјалните мрежи на која, како што напиша, се гледало митолошко шумско суштество слично на елф, пренесе „Гардијан“. Не изгледа дека претседателот на Мексико се шегувал кога ја објави фотографијата на суштеството наречено алукс – дух на митолошко суштество кој е дел […]

Нови отпуштања во Твитер, меѓу нив и на директорка што спиела во канцеларија поради премногу работа

28 февруари 2023

Една од директорите во Твитер која минатата година објави фотографија на која се гледа како спие на подот во една од канцелариите поради долгите часови работа, е меѓу последните отпуштени од компанијата која е во сопственост на Илон Маск, пренесе „Хил“. Њујорк Тајмс во неделата објави дека Твитер викендов отпуштил уште околу 200 вработени – […]

Инстаграм, ТикТок, Фејсбук и Твитер со нови правила на ЕУ за објава на „токсични“ содржини

20 февруари 2023

Инстаграм, ТикТок, Фејсбук и Твитер потврдија дека ќе подлежат на строгите правила што ги предвидува законот на Европската Унија (ЕУ) за модерирање на содржините. Според Законот за дигитални услуги (Digital Services Act), платформите имаат рок до  петок на полноќ да ги известат европските регулатори колку Европејци ги користат нивните услуги, пренесува „Политико“. Платформите и пребарувачите […]

Илон Маск создал посебен систем за неговите твитови да им бидат прикажувани први на корисниците

16 февруари 2023

Откако неговиот твит по Супербоул постигна полоши бројки од твитот на американскиот претседател Џо Бајден, извршниот директор на Твитер Илон Маск нарачал големи промени во алгоритмот на платформата, пишува „Врџ“ повикувајќи се на документи од „Платформер“. Братучедот на Маск и вработен во Твитер, Џејмс Маск, во понеделникот наутро испратил итна порака до инженерите во компанијата […]

Твит од лажен профил претставен како да доаѓа од министерот Оливер Спасовски

7 февруари 2023

Твитот споделен во постот е од лажен профил којшто го злоупотребува идентитетот на министерот Оливер Спасовски. Истиот повеќе не е активен поради пријави од Твитер заедницата дека е лажен. И од Министерството за внатрешни работи за Вистиномер велат дека станува збор за лажен Твитер профил од кој бил споделен овој твит. Официјалниот Твитер профил на […]

Златниот беџ на Твитер може да ги чини бизнисите 1.000 долари месечно

5 февруари 2023

Твитер размислува да заработи од бизнисите што се присутни на платформата со тоа што ќе им наплаќа 1.000 долари месечно за да ги задржи нивните златни беџови, јавува „Врџ“ повикувајќи се на извештај на „Информејшн“. „Информејшн“ забележува дека бизнисите што нема да плаќаат илјада долари месечно ќе ги загубат своите златни ознаки, иако не е […]

Твитер ги стави на аукција статуетката со птицата од логото и дел од канцеларискиот мебел

18 јануари 2023

Твитер стави стотици предмети од своето седиште во Сан Франциско, САД на онлајн аукција. За статуетката со познатото лого со птицата во моментов се понудени 11.000 американски долари, а остануваат уште неколку часа за наддавање, јави Би-би-си. Жардиниерата висока 190 сантиметри во форма на симболот „@“ веќе чини над 4.300 долари. Продажбата на предметите доаѓа […]

Од следниот месец Твитер ќе дозволи постови долги до 4.000 карактери

10 јануари 2023

Од почетокот на февруари ќе можеме да твитаме долги постови со дури 4.000 карактери, наместо сегашните 280, потврди извршниот директор на Твитер Илон Маск. Ова е само една од бројните промени која што милијардерот ја планира за годинава, пишува Индепендент. Маск објасни дека долгите твитови „ќе го добијат истиот простор на екранот на временската линија […]

Метаверзум, заштита на лични податоци, хаос на Твитер – како се променија социјалните мрежи во 2022?

9 јануари 2023

Од вложувањата на Мета милијарди долари во остварување на Метаверзумот, преку големите промени на Твитер и обидите за забрана на ТикТок во САД, до отпуштањата на десетици илјади работници поради економските пост-пандемиски проблеми на технолошките гиганти – 2022 година ја одбележаа неколку големи настани во однос на развојот и иднината на социјалните мержи. Најголемо внимание, […]

Твитер со нови отпуштања на вработени задолжени за онлајн безбедност

8 јануари 2023

Десетици вработени кои модерираат содржини и го следат говорот на омраза се отпуштени од Твитер во најновото кратење на работните места од оваа компанија, пренесува Гардијан. Станува збор за вработени со седиште во Даблин и Сингапур, кои биле дел од тимот за доверба и безбедност задолжен за меѓународна модерација на содржината, како и единицата која […]

Твитер доби тужба затоа што не платил кирија од 136.250 долари

3 јануари 2023

Твитер доби тужба од сопственикот на Калифорнија Проперти Траст затоа што не платил кирија од 136.250 долари во нивните канцеларии во Сан Франциско. Откако Илон Маск ги затегна конците на Твитер, состојбата резултира со тоа што компанијата не плаќа кирија, а персоналот мора да набавува сопствена тоалетна хартија, објави Њујорк Тајмс. Во декември, компанијата за […]

Њујорк Тајмс: Како што продолжува да се шири ковид-19, така се шират и дезинформациите за болеста

30 декември 2022

Речиси три години од почетокот на пандемијата, ковид-19 и понатаму опстојува. Истото е случај и со мисинформациите (намерно или случајно згрешени информации и дезинформации) за оваа болест, пишува Тифани Хсу во „Њујорк Тајмс“. Она што почна во 2020 година како гласини што фрлаа сомнеж на постоењето или опасноста на ковид-19, набргу еволуираше во честопати несфатливи […]

Илон Маск: Само верификувани сметки ќе може да гласаат на анкетите за политиките на Твитер

20 декември 2022

Сопственикот на Твитер, Илон Маск се обрати за првпат на социјалната мрежа откако повеќе од 10 милиони корисници гласаа за тој да се повлече од местото извршен директор на компанијата. Во твитот, Маск напиша дека само претплатените корисници на „Твитер Блу“ функцијата ќе можат да гласаат на идните анкети кои се однесуваат на политиките на […]

Илон Маск преку анкета на Твитер праша дали треба да се повлече од местото извршен директор

19 декември 2022

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, побара од корисниците на оваа платформа да гласаат за неговата иднина како извршен директор на компанијата за социјални мрежи. Во анкетата што ја објави, Маск праша дали треба да се повлече од функцијата шеф на Твитер, додавајќи дека ќе се придржува до резултатите. Should I step down as head of […]

Елон Маск ги укина суспензиите на неколку новинари на Твитер

17 декември 2022

Сопственикот на Твитер, Елон Маск изјави дека ќе им ги врати профилите на новинарите кои ги суспендираше од социјалната платформа, пренесе Би-би-си. Новинари на Њујорк Тајмс, Си-ен-ен и Вашингтон пост беа меѓу оние чии профили беа блокирани од платформата со обвинение дека споделуваат податоци за него и за неговата локација. Но, среде големите критики, Маск […]

ЕУ предупреди на санкции откако Твитер суспендираше налози на новинари

16 декември 2022

Ненадејната одлука на Илон Маск да суспендира налози на истакнати новинари на Твитер предизвика жестока реакција во Европа. Германија предупреди на влијанието врз слободата на печатот, додека висок претставник на Европската унија (ЕУ) рече дека Твитер мора да се услогласи со правилата на блокот или да се соочи со можни санкции, јавува Си-Ен-Ен. „Слободата на […]

Страна 3 од 12