Од следниот месец Твитер ќе дозволи постови долги до 4.000 карактери

Photo by Joshua Hoehne on Unsplash

Од почетокот на февруари ќе можеме да твитаме долги постови со дури 4.000 карактери, наместо сегашните 280, потврди извршниот директор на Твитер Илон Маск. Ова е само една од бројните промени која што милијардерот ја планира за годинава, пишува Индепендент.

Маск објасни дека долгите твитови „ќе го добијат истиот простор на екранот на временската линија како и другите твитови, но ќе можете да кликнете за повеќе“.

Но, долгите постови се само дел од „многу поголем ремонт на корисничкиот интерфејс“, кој ќе вклучува можност за лизгање помеѓу препорачаните твитови и оние твитови кои ги следите, како и функција за обележување на постови што ќе функционира како копче за „тивок лајк“.

„Исто така, ќе додадеме едноставни копчиња за уредување, на пример за задебелени букви, подвлечени букви и за големина на фонтот подоцна овој квартал“, напиша Маск на Твитер.

Целта е да им се дозволи на луѓето да објавуваат долга форма на Твитер, наместо да ги принудуваат да користат друга веб-страница. Твитер ќе продолжи да препорачува твитовите да бидат кратки.