Илон Маск исвиркан од публиката во Сан Франциско откако се појави на сцена

Ministério Das Comunicações, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons

„Дами и господа, направете врева за најбогатиот човек во светот“ – со овие зборови комичарот Дејв Шапел ѝ се обрати на публиката во „Чејс“ центарот во Сан Франциско откако на сцена го повика да му се придружи новиот сопственик на Твитер, Илон Маск.

Гардијан пишува дека во првите неколку секунди Маск се појавил на сцената подготвен за еуфорично добредојде од публиката која броела околу 18.000 лица. Тој ги кренал рацете во возудх, по што публиката почнала да го исвиркува сè погласно и погласно.

„Контроверзија, другар. Не го очекуваше ова, нели“, му рече Шапел на Маск додека исвиркувањето од публиката не престануваше.

Настанот се случи во Сан Франциско, градот каде илјадници вработени беа отпуштени од Маск по преземањето на Твитер во октомври. Комичарот Шапел се пошегува дека звучи како некои од отпуштените луѓе да се наоѓаат во публика.

Гардијан потсетува дека Маск изминатиов период имаше излив на ектремно десничарски ставови. Тој побара да се гони првиот американски имунолог Антонио Фаучи, ширеше КјуАнон заговори и даваше трансфобични забелешки.

Милијардерот изгледаше занемен на сцената, а во видеото се гледа како останува без зборови и му вели на комичарот „Дејв, што да кажам?“.

„Не кажувај ништо. Го слушаш звукот, Илон? Тоа е звукот на претсојните граѓански немири“, му рече Шапел.

Милијардерод подоцна на Твитер се обиде да се оправда, тврдејќи дека од публиката добил 90 отсто овации и 10 отсто исвиркувања.