Њујорк Тајмс: Како што продолжува да се шири ковид-19, така се шират и дезинформациите за болеста

-

Речиси три години од почетокот на пандемијата, ковид-19 и понатаму опстојува. Истото е случај и со мисинформациите (намерно или случајно згрешени информации и дезинформации) за оваа болест, пишува Тифани Хсу во „Њујорк Тајмс“.

Она што почна во 2020 година како гласини што фрлаа сомнеж на постоењето или опасноста на ковид-19, набргу еволуираше во честопати несфатливи тврдења за опасна технологија што се крие во маските и наводните чудотворни исцеленија од непотврдени лекарства, како ивермектинот. Почетокот на вакцинирањето минатата година предизвика уште еден бран на неосновани алармирања. Сега, врз сите тие тврдења што сѐ уште се присутни, има и теории на заговор за долготрајните ефекти на лекувањето, се вели во статијата.

Таквите идеи уште опстојуваат на социјалните медиуми, а постојаното бомбардирање со нив и натрупувањето низ текот на годините, го прави сѐ потешко „пробивањето“ на правилните совети, велат аналитичарите за мизинформации. Тоа ги остава луѓето што веќе страдаат од премореност од околностите на пандемијата во ситуација да стануваат поранливи на постојаната опасност на ковидот и подложни на други штетни лекарства, се вели во статијата.

„Лесно е да се заборави дека здравствените мизинформации, вклучително и тие за ковид, сѐ уште може да придонесуваат за тоа луѓето да не се вакцинираат или да се создаваат стигми, Со сигурност занеме дека здравствените мизинформации придонесуваат до ширењето на болеста“, вели Меган Марели, од Мидан, непрофитна организација фокусирана на дигиталната писменост и пристапот до информации.

Твитер е посебно загрижувачки за истражувачите. Компанијата неодамна ги отпушти тимовите одговорни за прочитувањето на опасните и неточните материјали, престана да ја спроведува својата политика за мизинформации за ковид. Од 1 ноември до 5 декември, истражувачи од Австралија избројале над половина милион твитови на англиски јазик со теории на заговор и со заведувачки исодржини. Твитовите привлекле повеќе од 1,6 милиони допаѓања и 580.000 ритвитови, пишува „Њујорк Тајмс“.

Јутјуб забранува содржини – вклучително видеа, коментари и линкови за вакцините и ковид-19 што се спротивставени на препораките на локалните здравствени власти или Светската здравствена организација. Политиката на Фејсбук за ковид-19 е од 4.500 зборови должина. ТикТок вели дека отстранил повеќе од 150.000 видеа поради мизинформации за ковид. Сепак, сите овие платформи многу се напрегаат за да ги спроведуваат своите политики, пишува „Њујорк Тајмс“.

ИЈЗ излезе со препораки за заштита на населението од пожар во непосредна близина

Лекарите во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излегоа со препораки за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна близина. „Останете информирани, следете ги известувањата од надлежните служби преку средствата за...

Владата прогласи кризна состојба во траење од еден месец поради пожарите

На вчерашната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари, со времетраење од 30 дена. Како што информираат оттаму оваа одлука е донесена...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

ИЈЗ излезе со препораки за заштита на населението од пожар во непосредна близина

Лекарите во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излегоа со препораки за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна близина. „Останете информирани, следете ги известувањата од надлежните служби преку...