fbpx

МСНБЦ: Илон Маск го гледа Твитер како политичко оружје

-

Најбогатиот човек на светот Илон Маск, како нов сопственик и нов главен извршен директор на социјалната мрежа Твитер го користи овој сервис како политичко оружје, оти зад невидениот хаос што го зафати Твитер, има знаци на намера, коментира МСНБЦ.

Како што пишува Зишан Алим, колумнист на оваа медиумска мрежа, по реактивирањето на Твитер профилот на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп изминатиов викенд и енигмата во јавноста како овој потег на Маск може да ја преоформи кампањата за кандидатура на Трамп на претседателските избори во 2024 година и како ќе повлијае на екстремистичките активности на социјалната мрежа, една работа станува јасна – во каков тип политички актер се претвора Маск и како ја гледа иднината на Твитер.

„Во светлината на фактот дека [Маск] веќе беше сопственик на две влијателни компании фокусирани на инженерски решенија, беше нејасно дали тој има искрени намери да го подобри веб сајтот што го гледаше како видео игра или се обидува да акумулира јавна моќ и да ги поткрене своите бизниси на погорно скалило или, пак, едноставно тој беше енормно богат човек кому му е енормно здодевно и сака да се посмее. Овие објаснувања сѐ уште може да фрлат светлина делумно на прашањето зошто се однесуваше како што се однесуваше. Но сега е веќе невозможно да се игнорира растечката реалност дека Маск ја вреднува сопственоста врз Твитер како можно оружје за десничарски активизам“, почнува Алим во својата анализа.

Тој потсетува како Маск викендов го реактивираше профилот на Трамп, велејќи оти е важно да се анализира не само исходот од враќањето на Трамп на Твитер, туку и начинот на којшто Маск го стори тоа. Маск не го зеде предвид објаснувањето на Твитер кога по упадот во Капитолот на 6 јануари 2021 година, Трамп доби трајна забрана, односно не го спомена критериумот за поттикнување на насилство кога го врати профилот на поранешниот американски претседател. Маск исто така не го наведе ова враќање како став против сите трајни забрани во име на слободата на говорот – само две седмици претходно, Маск вети дека ќе стави трајна забрана на Твитер за имитаторите, без претходно предупредување. Интересно, забраната за имитаторите искрсна дури откако голем број луѓе почнаа да се претставуваат како Маск на Твитер, коментира Алим.

„Она што Маск го направи е пикање на прашањето за насилството под ќилимот, претставувајќи го како прашање на демократијата, преку ‘анкета’. Се разбира, никакво научно истражување или референдум не може да се спроведе во форма на спонтан твит. Само мал дел од корисничката база на Твитер гласаше, а најголемиот дел од корисниците најверојатно не знаеле дека има анкета. Маск исто така го знаеше тоа, поради порастот на неговите фанови од десното крило – и бавното заминување на либерално ориентираните корисници од Твитер – и беше јасно дека анкетата ‘ќе скршне в десно’ кон одговор ‘да’“, пишува коментаторот на МСНБЦ.

Во неговото претставување на овој лажен референдум како победа за „народот“, Маск по сѐ изгледа сака да се обиде да го користи десничарскиот популизам поради зголемување на бројките, се вели во коментарот.

„И тоа е најновиот знак дека тој го гледа Твитер како платформа за унапредување на неговата политичка агенда додека развива сѐ понагласени крајно десни ставови“, пишува Алим.

Тој нагласува дека периодот од преземањето на контролата врз Твитер од страна на Маск беше одбележан со екстремен хаос: масовни отпуштања, ад хок правила што честопати и се суспендираат или неконзистентно се спроведуваат, како и контрадикторни пораки за тоа за што Твитер се залага или не се залага. Но неговото однесување станува појасно ако се разбере како развивање на политички проект, тврди Алим.

„Сетете се на килавото активирање од страна на Маск на Твитер Блу, кого што го најави како начин на Твитер да дојде до поголеми приходи преку наплаќање од корисниците по 8 долари месечно за да дозволи, помеѓу другите нешта, и син верификациски беџ, којшто типично е резервиран за јавни личности, како државни функционери, новинари и славни личности. Шемата на Маск веднаш наиде на екстремно лесно предвидливи проблеми, со бум на агенти на лажното претставување и на дезинформирање, а во еден случај предизвика и загуба на големи количества пари за една компанија чијшто идентитет беше злоупотребен. Твитер Блу беше кашканица и новиот план за претплата беше бргу суспендиран. Интересно, идејата на Маск за Твитер Блу – за кого што рече дека ќе биде вратен во поинаква форма во иднина – е крајно неверодостојна како план за помагање на Твитер да изгради значителен извор на приходи“, пишува коментаторот на МСНБЦ.

Тој вели дека има уште едно согледување вредно за внимание – дека со измената на системот за верификација, односно потврдување, Маск сака да „ја разреди моќта“ на медиумите наклонети кон лево и да потпомогне на десничарските дезинформациски мрежи, коментира Алим, потсетувајќи оти има и други знаци дека најбогатиот човек на светот сака да го направи Твитер „дом“ на десничарите – односно од преземањето на социјалната мрежа, тој формално поддржа републикански кандидати за Конгресот.

Дополнително, се вели во коментарот, Маск постојано јавно е во интеракција со крајно десничарските коментатори.

„Ако Маск е фокусиран на „човештвото“, како што тврди, нели би требало да биде позаинтересиран за слушање на луѓето од целиот политички спектар? Ако е навистина заинтересиран за подобрување на еден од највлијателните дигитални јавни простори во англофонската средина, нели би бил помалку насочен кон авторитарните политички сцени“, се вели во коментарот на МСНБЦ.

ИзворМСНБЦ

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...