Младинскиот еко-активизам главна тема во новата епизода на „Шорткат“

Како младите можат да се вклучат во креирањето на решенија за одржливо и зелено општество и како да учествуваат во донесувањето на одлуки важни за нивната иднина погледнете во новата епзиода на емисијата „Шорткат“, во која главна тема е еко-активизмот.

Покрај ова, во 59-тото издание на вестите за млади информираме за случувањата околу лажните пријави за бомби, како и за отворениот конкурс за ученички стипендии.

Меѓу поубавите новости е и успехот на Мартин Саздов – Сакса кој заедно со неговиот тим станаа светки прваци во играта Dota 2. Во делот за гејминг ви препорачуваме и нова видео игра.

Ќе потсетиме на прогласените победници на Конкурсот за краток хорор расказ, како и на интерактивната изложба со која започна иницијативата „Проѕирниот човек“ на Гете-институтот Скопје и Фондацијата Метаморфозис.

Од случувањата во светот, ја носиме веста за новиот „газда“ на Твитер, Илон Маск.

„Шорткат“ – вестите за млади ќе бидат објавени вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи.