Наплив на дезинформации од „верификувани“ анти-ваксерски профили на Твитер

Фото: Joshua Hoehne, Unsplash

Откако социјалната мрежа Твитер, среде многуте контроверзи и проблеми воведе систем за верификување на профилите со плаќање и отпушти илјадници модератори на содржини, профилите што објавуваа здравствени дезинформации и полувистини почнаа да ги „испорачуваат“ своите статуси на публика побројна отколку досега, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Со новите политики воведени од новиот сопственик Илон Маск, дузина профили на антиваксери (противници на вакцинирањето) со десетици илјади следбеници, сега се „верификувани“, односно потврдени преку плаќање 7,99 долари месечно за Twitter Blue.

„Отсекогаш имало дезинформации и погрешни информации на платформите. Компаниите на социјалните медиуми реагираат само ако некој е пријавен, но всушност не ги следат активно овие групи“, вели Сара Бери, активист за вакцинирање.
Некои алатки, како верификацијата на Твитер се со цел справување со погрешното претставување на платформата, преку потврдување на идентитетите на владини функционер, јавни тела, познати личности, новинари и други.

Но овие алатки сега се користат за да се создаде лажно чуство за валидност за да се распространуваат опасни неточности вклучително и оние за вакцините. А групи на други платформи, како оние на Фејсбук, продолжууваат да го избегнуваат модерирањето правејќи мали измени на нивните имиња и на термините што ги користат за да ги промовираат антиваксерските ставови.

Верификуваните, односно потврдените профили, честопати се сметаат за веродостојни, алгоритмот на Твитер ги рангира повисоко во резултатите од пребарувањето, во одговорите и во препораките за заследување.

„Има едно чувство на легитимитет што доаѓа со ова. Со верификување на антивексерски профил, тие на некој начин ги потврдуваат и сите дезинформации што тој ги шири…. со тоа луѓето си мислат ‘Па, ова е потврден профил. Тоа мора да е вистина“, вели Бери за „Гардијан“.

Пред промената на раководството, Твитер работеше на тоа да отстранува некои од профилите што ширеа антиваксерски дезинформации.

Но сега изгледа Твитер им дава на овие профили одреден легитимитет. Изгледа сега одат во погрешната насока и всушност ги промовираат групите што шират антиваксерски и антинаучни дезинформации“, вели Питер Холтез, вакцинален експерт и декан на студиите по тропска медицина на Медицинскиот колец „Бејлор“.

Корисниците веќе го тестираа новиот систем со лажно претставување како водечки марки, на пример фармацевтската компанија „Ели Лили“, што доведе до остар пад на акциите на компанијата и повик да ги измени цените на инсулинот.

Промената на правилата на Твитер исто така отворија простор профилите со платена потврда да допрат до поширока публика, што со наглото намалување на капацитетите за модерирање доведува до тоа ваквите профили да продолжат да шират заведувачки или штетни информации.

Некои други противници на вакцинирањето веќе беа легитимизирани од социјалните медиуми. Роберт Ф. Кенеди Јуниор, еден од водечките поборници против вакцинирањето имаше потврден профил на Твитер уште пред да се воведе новиот принцип, и меѓународниот и регионалните ограноци на неговата антивакцинална групација „Children’s Health Defense“ се сѐ уште активни на Фејсбук.
Фејсбук-групите што биваат затворени поради дезинформации за вакцините бргу „воскреснуваат“ и се враќаат со менување на зборовите што ги користат. Нивните админи, како Тиаго Енрике Фернандез, бргу прават нови групи под слични имиња, како DSN Official наместо Died Suddenly News, а содржините што ги пласираат остануваат во истите рамки, пишува „Гардијан“.

Алгоритмите на Фејсбук бараат по клучни зборови, како „вакцина“, „доза“ и „мРНК“ за да откријат проблеми. Корисниците често за вакцините употребуваат зборови за храна, како „колаче“, „праски“, „чизбургери“ {На македонското јазично подрачје „боцки“, „б0цки“, „в@акцини“ – заб.прев]