Митови и дезинформации за сеопфатното сексуално образование во новата епизода на „Шорткат“

Во новата епизода на емисијата „Шорткат“ која ќе се емитува вечерва со почеток во 19 часот ќе прикажеме дел од рубриката „Зошто (не) е така?“ во која тема е сеопфатното сексуално образование. За најраспространетите дезинформации и митови за сексуалното образование во училиштата зборуваат Катерина Иванова од ХЕРА, психологот Радмила Живановиќ и новинарката и активистка Рита Бехадини.

Дел од другите содржини ќе биде веста за студентскиот марш што се одржа на Меѓународниот ден на студентите, како и нарушеното ментално здравје кај учениците поради лажните дојави за бомби во скопските средни училишта.

Ќе информираме и за најновата вест во однос на изградбата на регионалните депонии, за враќањето на Твитер профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а го најавуваме и 18-тото издание на интернационалната конференција „е-Општество.мк“.

„Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб.