fbpx

Бајден: Илон Маск купи платформа која шири лаги низ целиот свет

-

Претседателот на САД Џо Бајден го критикуваше новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, велејќи дека купил платформа за социјални медиуми која шири лаги низ целиот свет.

„Илон Маск се појавува и купува платформа што шири лаги низ целиот свет“, рече претседателот Бајден на хуманитарен настан во петокот.

Забелешките на Бајден следуваа по веста дека Твитер отпуштил илјадници вработени на компанијата, заради сериозно намалување на трошоците што потенцијално може да го наруши начинот на кој работи една од највлијателните светски платформи.

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, пак, деновиве се брани во јавноста дека немал избор освен да ја намали работната сила на компанијата, бидејќи фирмата губи повеќе од 4 милиони долари дневно.

Половина од персоналот на компанијата веќе е отпуштен, една недела откако Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари.

Групите за безбедност на интернет и активистите се загрижени дека Маск може да ги измени политиките на компанијата, што ќе го направи Твитер помалку ефикасен во отстранувањето на говорот на омраза и дезинформациите од платформата, иако милијардерот веќе ги демантираше овие информации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...