fbpx
Свет Балкан Страница 6

Балкан

Климатските промени ќе ја чинат Грција две милијарди евра годишно

Трошоците од климатските промени за Грција до крајот на веков се проценуваат на 2,2 милијарди годишно, односно околу 1 отсто од сегашната вредност на БДП на Грција, пишува грчки „Екатимерини“, цитирајќи го извештајот на Банката на Грција и нејзиниот гувернер Јанис Стурнарас, за еколошките,...

Опасното трио: Медиуми – вештачка интелигенција – дезинформации

Како што генеративните алатки за вештачка интелигенција (ВИ) стануваат сè пософистицирани, расте и стравот дека голем број професии можат да бидат загрозени, а се зачестуваат и дискусиите во однос на заштитата на релевантните информации, наспроти дезинформациите и манипулациите кои можат да бидат генерирани со...

Од почетокот на учебната година имало 80 пријави за бомби во српски училишта

Поради зачестените пријави за експлозивни направи во различни образовни институции на територијата на Србија, Министерството за внатрешни работи ги ангажира сите човечки и материјално-технички ресурси за подобрување на безбедноста на децата, пренесува Н1 Србија. „Од почетокот на учебната 2023/2024 година до денес, пристигнати се вкупно...

Од полноќ предизборен молк во Србија пред гласањето в недела

Изборниот молк во Србија почнува вечерва на полноќ и ќе трае до 17 декември во 20 часот. За време на изборниот молк е забрането објавување оценка на изборните резултати, јавно претставување на кандидати и предизборни програми и повикување гласачи да гласаат или да не гласаат...

Грција со вето за Албанија за преговорите во ЕУ поради градоначалникот на Химара

Грција нема да даде согласност за следната фаза на пристапните преговори за ЕУ на Албанија, ако нема напредок по прашањето за избор на градоначалникпт на Химара, Фреди Белери, потврди грчки дипломат во Брисел, а пренесе агенцијата АНА-МПА. Согласно истите извори, ставот на Грција е јасен....

Се множат ветата во ЕУ: Орбан ќе ја блокира Украина во пристапните преговори?

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на ден пред почетокот на Самитот на лидерите на земјите-членки на ЕУ уште еднаш го повтори својот став Унгарија ќе го блокира почетокот на преговорите за зачленување во ЕУ на Украина, пренесува Гардијан. „Европската Унија се подготвува да направи ужасна грешка,...

Кршењето на дигиталните права се шири како печурки по дожд, од Турција преку Балканот до Унгарија [инфографик]

Во десет земји од Југоисточна Европа, за една година, поточно од септември 2022 до август 2023 година, регистрирани се 1.427 прекршувања на дигиталните права, покажа извештајот на Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН). Бројот на прекршоци е значително зголемен од претходната година. Косово е...

Во Софија почна отстранувањето на Споменикот на советската армија

Во главниот град на Бугарија денеска почна отстранувањето на Споменикот на советската армија. Уште малку треба да биде готово скелето, а потоа ќе почнe демонтажата на највисоките фигури, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Демонтираните фигури потоа ќе бидат однесени на складиштење. Накнадно треба да биде распишан...

Бугарија ја отфрли таксата за пренос на руски гас која ја воведе во октомври

Набрзо откако во октомври годинава соопшти дека ја воведува таксата од 20 бугарски лева за мегават часа за пренос на руски гас низ нејзината територија, бугарската влада се одлучи да ги суспендира таксите за транзит на руски гас што минуваат низ нејзината територија, пишува...

ЕУ ќе ги повика земјите од Западен Балкан да воведат санкции на Русија

На заедничкиот самит што ќе се одржи следната недела, Европската унија (ЕУ) јасно ќе побара од земјите од Западен Балкан целосно да се усогласат со политиката на санкции на ЕУ против Русија, пишува Радио Слободна Европа на македонски јазик. На крајот од самитот меѓу ЕУ...

Србија наредната недела оди на избори, трката неизвесна особено во Белград

На 17 декември во Србија ќе се одржат предвремени парламентарни и локални избори, кои претставуваат своевиден референдум за поддршката на српскиот претседател Александар Вучиќ. Додека српската опозиција се жали дека условите за учество на изборите не се фер и демократски, особено на правото на...

Средба Ердоган-Мицотакис: Односите меѓу Турција и Грција влегуваат во нова ера

„Ова е навистина посебен ден“ е почетната реченица од заедничката изјава на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по историската средба што ја имаа во Атина, пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА. Двете земји потпишаа договор за пријателство, се обврзаа да...

Потпишана декларација за добрососедски односи меѓу Турција и Грција

Грчките и турските власти денеска потпишаа декларација за добрососедски односи, пренесе „Гардијан“. Декларацијата во Атина ја потпишаа министри од двете земји. Во декларацијата за „добрососедски односи“, беа потпишани 15 договори од министрите што ги претставуваат Грција и Турција, а вклучена е и дванаесетмесечна програма за...

Германија и Словенија заеднички ќе работат на интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во Љубљана се сретна со нејзината словенечка колешка Тања Фајон, при што заклучокот од средбата е дека двете земји ќе работат заедно за да го забрзаат пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Ова беше кажано...

Двете убиства во Македонија го потресоа регионот – странските медиуми објавуваат детали

Убиствата на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче Жежовски не ја потресоа само Македонија, туку и целиот Балкан. Странските медиуми тековно известуваат за новости во врска со случајот, а регионот бара сторителите соодветно да се казнат. Српските медиуми објавуваат за бегството на првоосомничениот Љупчо Палевски во...

Ердоган во историска посета на Атина, ќе се сретне со Мицотакис

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган неделава ќе престојува во Атина на средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. И Грција и Турција имаат очекува од средбата неделава, пишува грчкиот весник Екатимерини. На средбата на Ердоган со Мицотакис ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на двете...

Земјотрес во Србија: „Сè околу нас почна да се тресе“

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денеска во 9 часот и 47 минути го погоди Петровац на Млава, соопшти српскиот Републички сеизмолошки завод, објави ТВ Н1. Интензитетот во епицентарот е проценет на од V до VI од Меркалиевата скала. „Земјотресите со таков интензитет...

Османи: Русија со видливи чекори го дестабилизира Западниот Балкан

Актуелниот претседавач на ОБСЕ и министер за надворешни работи на С.Македонија Бујар Османи денеска изјави дека Руската Федерација претставува фактор на дестабилизација во регионот на Западен Балкан. За разлика од поддршката на САД и ЕУ за С.Македонија и целиот регион, Русија не ја игра...

Министрите потпишаа заедничка изјава за борба против корупција во Југоисточна Европа

Како пропратен настан на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, денеска беше потпишана Заедничката изјава за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење на дигитализација. Заедничката изјава ја потпишаа актуелниот претседавач со ОБСЕ и министер за надворешни работи на С.Македонија...

Дојави за бомби во повеќе училишта во Белград

Основните училишта „Владислав Рибникар“ во Врачар, „Исидора Секулиќ“ во Савски венец, „Јован Миодраговиќ“ во Врачар и „Обединети нации“ во Церак, „Ратко Митровиќ“ во Нов Белград, „Владимир Роловиќ“ и „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац се само дел од оние во кои денеска имало дојави за бомби,...