fbpx
Свет Балкан Страница 233

Балкан

Србија ги намали платите на претседателот и на пратениците

За десет проценти се намалени платите на претседателот на земјата, на назначените лица во службите на претседателот и во службите на парламентот, како и на пратениците. Административната комисија во српскиот парламент денеска донесе одлука за намалување за десет отсто на платата на претседателот на земјата,...

Албанска пратеничка поднесе оставка поради вмешаност на нејзиниот син во убиство

Албанската пратеничка Луиза Џувани денеска поднесе оставка, откако полицијата го приведе нејзиниот син поради престрелката во ноќен клуб, во која загинаа четири лица. Како што соопшти полицијата, пукањето во тиранскиот ноќен клуб „Анте гранд“ почнало по жолчна расправија, во која учествувал и синот на...

Хаг бара гаранции за ослободување на Шешељ

Меѓународниот суд за воени злосторства извршени на територија на поранешна Југославија, денеска во Хаг побара од Холандија и од Србија до 18 часот да дадат свое мислење за евентуалното привремено пуштање на слобода на Воислав Шешељ. Судот ја повика владата на Србија да потврди дека...

Уште еден случај на самозапалување во Бугарија

Четириесет и осумгодишен маж се самозапали во бугарскиот град Сандански, еден ден откако жена во Софија го направи истото пред канцеларијата на претседателот на Бугарија. Мажот, кој се запалил од засега непознати причини, се наоѓа во болница и неговата состојба е критична, соопшти Министерството за...

Бојко Борисов е новиот бугарски премиер

Реформаторскиот блок на Бугарија денеска одлучи за нов премиер на нашиот источен сосед да биде именуван Бојко Борисов. На средбата на здружените партии во реформатоскиот блок, одлучено е идната бугарска влада да има тројца вицепремиери и 18 министри.

Хрватска и официјално со најлоши економски прогнози во ЕУ

Хрватска има најлоши економски прогнози од сите членки во Европска Унија, се наведува во есенските прогнози на Европската комисија, а прогнозираниот пад на домашниот бруто-производ (БДП) е зголемен од 0,6 на 0,7 отсто за оваа година. Зголемена е и процената на стапката на невработеност, од минатогодишните...

Жената што се самозапали во Софија е во критична состојба

Триесет и осумгодишната жена што вчера се самозапали пред претседателската палата во Софија е во животна опасност, соопштија од болница „Пирогов“. Лидија Петрова е самохрана мајка, има едно дете и долги години работи како фоторепортер. Во неколкуте инциденти со самозапалување во Бугарија, во периодот меѓу февруари и...

(ВИДЕО) Турција: 24 загинати при превртување на брод

Дваесет и четири лица загинаа откако брод со илегални имигранти се превртел во теснецот Босфор. Спасувачките екипи успеале да спасат седум лица од бродот, за кој се претпоставува дека превезувал 40 илегални имигранти, вклучувајќи и деца. Потрагата по останатите патници на превртениот брод е во тек,...

Иванов се сретна со Николиќ

Претседателот Иванов во Белград беше пречекан со највисоки државни почести
Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, ја почна официјалната посета на Србија. Иванов пред Палатата „Србија“ беше пречекан од својот домаќин, претседателот на Србија, Томислав Николиќ, по што двајцата шефови на држави разговараа за евроатлантските интеграции и за состојбите и предизвиците во регионот, економските и културните...

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање...