fbpx

Србија ги намали платите на претседателот и на пратениците

-

За десет проценти се намалени платите на претседателот на земјата, на назначените лица во службите на претседателот и во службите на парламентот, како и на пратениците.

Административната комисија во српскиот парламент денеска донесе одлука за намалување за десет отсто на платата на претседателот на земјата, на назначените лица во службите на претседателот и во службите на парламентот, како и на пратениците.

Одлуката е во согласност со Законот усвоен на 26 октомври од српскиот парламент, за намалување за десет проценти на платите во државниот сектор и на пензиите поголеми од 25.000 динари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...