Претседателот Иванов во Белград беше пречекан со највисоки државни почести

Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, ја почна официјалната посета на Србија.

Иванов пред Палатата „Србија“ беше пречекан од својот домаќин, претседателот на Србија, Томислав Николиќ, по што двајцата шефови на држави разговараа за евроатлантските интеграции и за состојбите и предизвиците во регионот, економските и културните релации, како и за претстојното претседавање на Србија со ОБСЕ.

Утре, претседателот Иванов во Белград ќе учествува на 38. средба на европската група на Трилатералната комисија, што во медиумите се оценува како собир на највлијателните луѓе во светот.