fbpx
Свет Балкан Страница 232

Балкан

Грција: 77 години затвор за предизвикувачите на пожарот на Пелопонез

Судот во Грција им изрече затворска казна од вкупно 77 години на четворицата обвинети за пожарот на полуостровот Пелопонез во 2007 година, кој однесе 36 животи. Како што јавуваат грчките медиуми, секој од обвинетите доби повеќе од 10 години затвор. Еден од обвинетите е поранешен локален...

Могерини: Посетата на Рама на Белград е важен чекор

Посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Белград претставува важен чекор во напредокот на односите меѓу Албанија и Србија, оцени еврокомесарката за надворешна политика Федерика Могерини. „Ги пофалуваме двајцата лидери за нивната политичка храброст за одржување на посетата, која по својата природа е чувствителна и претставува...

Се пријавиле 128 потенцијални купувачи на државните медиуми во Србија

Вкупно 128 потенцијални купувачи се пријавиле за 55 од вкупно 84 медиумски куќи кои теба да се приватизираат до крајот на идната година. Владата на Србија пред неколку месеци ги усвои трите закони за медиуми, со кои се предвидува приватизација на државните медиуми во средината...

Рама: Сакаме „голема Европа“, а не „голема Албанија“

Албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за „Б92“ вели дека „голема Албанија“ е мит за кој не се залага ниту еден албански политичар. - Нашиот проект е „голема Европа“ со Србија и со Албанија. Голема Албанија е застарен мит кој нема никаква врска со нас....

Шешељ ќе се обрати на митингот во Белград

Потпретседателот на Српската радикална странка, Зоран Красиќ, соопшти дека Воилсав Шешењ ќе се обрати на митингот закажан за сабота на белградскиот Плоштад на Републиката. Како што наведе потпретседателот на СРС, сè уште не се знае за што ќе зборува Шешељ. Митингот е закажан за 15...

Еди Рама во Прешево, пречекан со билборди и со знамиња

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе ги посети општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа. Мерките за безбедност се на високо ниво. За пречекот на Рама во Прешево поставени се и билборди „Добредојде, премиере“ и фотографии со неговиот лик, пренесе српски „Блиц“. Билбордите ги поставила Општина Прешево каде живее...

Шаровиќ: Шешељ ќе го дестабилизира режимот во Србија

Заменик претседателот на Српската радикална странка (СРС), Немања Шаровиќ, смета дека доаѓањето на Воислав Шешељ нема да предизвика хаос, туку ќе го дестабилизира „издајничкиот режим“. - Приказните дека Шешељ ќе предизвика дестабилизација или хаос, не се точни. Единствено што ќе дестабилизира е издајничкиот режим во...

Почина жената која се самозапали пред зградата на претседателот на Бугарија

Почина 38-годишната Лидија Петрова, фоторепортерка која минатата недела се самозапали пред зградата на претседателот на Бугарија. Жената подлегнала на повредите во болница во текот на изминатата ноќ. Во понеделникот минатата недела, Лидија Петрова беше примена во болница со тешки изгореници од 90 проценти од телото.

Рама во Белград пречекан со највисоки државни почести

Албанскиот премиер Еди Рама во Белград беше пречекан со највисоки државни почести. Тоа е прва посета на еден албански државник на Србија по 68 години. Претпладнево пред Палатата на Србија, Рама беше пречекан од неговиот домаќин, српскиот премиер Александар Вучиќ. Според протоколот, беа интонирани химните...

Историска средба: Рама во четири очи со Вучиќ

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска ќе престојува во Белград. Првата закажана посета минатиот месец беше откажана по инцидентот на натпреварот на фудбалските репрезентации на Србија и на Албанија во Белград. Предвидено е тој да разговара со српскиот премиер Александар Вучиќ, по што е најавена...

Умерен земјотрес во Грција

Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала ноќеска го погоди западниот дел на Грција. Засега нема информации за настрадани и за причинета материјална штета. Институтот за геодинамика во Атина соопшти дека епицентарот на потресот бил западно од јонскиот остров Кефалонија, на длабочина од пет...

Уапсен Драгослав Космајац

Српската полиција го уапси Драгослав Космајац во неговиот стан во Белград, а заедно со него, приведени се уште седум лица. Како што објави српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, на вонредна прес-конференција утрово, полициската акција била резултат на четиримесечна истрага. Сите уапсени се државјани...

Ќе се обноват летовите меѓу Србија и Хрватска

Србија и Хрватска ќе ги продолжат летовите помеѓу нивните главни градови во декември, 23 години откако тие беа прекинати. Во соопштението на српскиот национален авиопревозник „Ер Србија“ се вели дека лансирањето на дневните летови помеѓу Белград и Загреб почнуваат на 12 декември. Главниот извршен директор...

Вагони од товарен воз излетале од шини

Празни вагони од товарен воз на железничка линија меѓу Атина и Солун излетале од шини, но жртви нема, јавија грчки медиуми. Запрено е движењето на таа железничка линија во Грција, а патниците кои ја користат таа линија се превезуваат со автобуси. Инцидентот се случил во реонот...

Бугарскиот парламент ја потврди владата на Борисов

Бугарскиот парламент ја потврди малцинската влада на десниот центар, под водство на поранешниот премиер Бојко Босирсов, чија конзервативна партија ГЕРБ победи на предвремените парламентарни избори на 5 октомври. Од вкупно 234 присутни пратеници, 136 се изјаснија во полза на владата на Борисов, кој својот кабинет...

САД со порака до косовските лидери: Немојте да упропастите

Амбасадорот на САД во Приштина, Трејси Ен Џејкобсон, денеска го прекрши дипломатскиот протокол за да го изрази незадовлството на САД од косовските политичари кои не можат да се договарат за формирање нова влада. Џејкобсон во дебатата во седиштето на невладината организација „Фољ“ во Приштина, на...

Потпишан договор за формирање влада во Бугарија

Политичката партија Граѓани за европски развој на Бугарија(ГЕРБ), по едномесечни преговори, денеска потпиша договор за формирање малцинска коалициска влада, пренесуваат бугарските медиуми. Според соопштението на бугарски официјални претставници, документот е потпишан во парламентот од лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, и од лидерите на пет мали...

Могерини го поддржа британско-германскиот план за БИХ

Високата претставничка на Европска Унија за надворешна политика, Фредерика Могерини, денеска го поддржа планот на Велика Британија и на Германија за отстранување на блокадата во евроинтеграциите на Босна и Херцеговина. „Особено ја ценам идејата за напредокот на БИХ која синоќа во Берлин ја изнесоа министрите...

Во Словенија жолт аларм поради поројните дождови

Во Словенија е прогласен жолт аларм поради поројните дождови што во текот на ноќта ја погодија земјата и кои, според најавите на метеоролозите, ќе продолжат и следните денови. Метеоролозите прогнозираат дека денеска ќе биде прогласен највисок степен на опасност од поплави - црвен аларм. Се прогнозира дека...

Евроинтеграцијата на Балканот не значи и проблем

Ќе треба да се работи на подигнување на довербата во земјите членки на ЕУ
Евроинтеграцијата на Балканот не значи повеќе проблеми и во следните пет години ќе треба да се работи на подигнување на довербата во земјите-членки на ЕУ, е пораката од учесниците на Шестата конференција на министрите за надворешни работи од Југоисточна Европа, во организација на реномираниот германско-американски...

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...