fbpx

Могерини: Посетата на Рама на Белград е важен чекор

-

Посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Белград претставува важен чекор во напредокот на односите меѓу Албанија и Србија, оцени еврокомесарката за надворешна политика Федерика Могерини.

„Ги пофалуваме двајцата лидери за нивната политичка храброст за одржување на посетата, која по својата природа е чувствителна и претставува предизвик“, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на ЕУ по повод посетата Еди Рама на Србија.

„Посетата ја гледаме како нова фаза во односите меѓу двете земји и се надеваме дека двајцата лидери и понатаму ќе ги градат врз основа на посетата за да обезбедат преземање на натамошни позитивни чекори“, се додава во соопштението.

Портпаролката на високата претставничка Федерика Могерини, Маја Коцијанчич, денеска во Брисел на новинарите во Европската комисија повторно им истакна дека посетата на албанскиот премиер Еди Рама треба да донесе пресврт во односите меѓу Србија и Албанија и оти лидерите на двете држави покажале нова решеност за обнова на врските.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...