fbpx

Потпишан договор за формирање влада во Бугарија

-

Политичката партија Граѓани за европски развој на Бугарија(ГЕРБ), по едномесечни преговори, денеска потпиша договор за формирање малцинска коалициска влада, пренесуваат бугарските медиуми.

Според соопштението на бугарски официјални претставници, документот е потпишан во парламентот од лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, и од лидерите на пет мали партии во составот на Реформскиот блок.

– Направивме голем напор. Најмалку десет пати бевме на раб од нови избори. Направивме сериозни жртви – изјави Борисов по потпишувањето на коалицискиот договор, изразувајќи надеж дека новата влада ќе има долг живот.

Новата влада на Борисов ќе биде петта во помалку од две години, во државата која заздравува од банкарската криза и води битка да го поттикне економскиот развој на земјата.

Партијата на Борисов на изборите, кои се одржаа на 5 октомври, освои најголем број гласови, кои сепак не беа доволни за да обезбеди мнозинство за составување влада.

Се очекува Борисов денеска да го претстави својот кабинет, а гласањето за новата влада ќе биде одржано утре, во бугарскиот парламент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...