fbpx

Се множат ветата во ЕУ: Орбан ќе ја блокира Украина во пристапните преговори?

Ветото кое го најавува Орбан против Украина ќе следи откако Бугарија ја блокира Северна Македонија во преговорите за членство во ЕУ. Исто така, Грција веќе извесен период се заканува дека ќе ја блокира Албанија за почетокот на преговорите за пристапување со ЕУ на лидерскиот самит во декември. Нови обврски за членство во ЕУ ќе добијат и Србија и Косово

-

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на ден пред почетокот на Самитот на лидерите на земјите-членки на ЕУ уште еднаш го повтори својот став Унгарија ќе го блокира почетокот на преговорите за зачленување во ЕУ на Украина, пренесува Гардијан.

„Европската Унија се подготвува да направи ужасна грешка, и тие треба да бидат спречени во тоа – дури и ако 26 сакаат да го сторат тоа, а само ние сме против“, изјави Орбан говорејќи во интервју за унгарски медиум.

Виктор Орбан ја повтори позицијата на Унгарија дека ако сакаме да ѝ дадеме поддршка на Украина во форма на геополитички сигнал, тогаш тоа да го направиме, но не како членство во ЕУ.

Унгарскиот лидер тврди дека отворањето на патот на Украина за пристапување ќе го поткопа кредибилитетот на ЕУ.

Орбан вели дека Унгарија ќе инсистира на тоа да се симне од дневен ред точката за членство на Украина во ЕУ. Наместо тоа, тој вели дека треба „да зборуваме разумно за тоа како во рамките на стратешкото партнерство да им дадеме на Украинците работи во кои геостратешки ќе ги зајакнеме“.

Ветото кое го најавува Орбан против Украина ќе следи откако Бугарија ја блокира Северна Македонија во преговорите за членство во ЕУ и бара претходно да бидат вклучени Бугарите во македонскиот Устав. Исто така, Грција веќе извесен период се заканува дека ќе ја блокира Албанија за почетокот на преговорите за пристапување со ЕУ на лидерскиот самит во декември, поради апсењето на градоначалникот со грчко потекло на градот Химара во јужна Албанија.

Инаку, Советот на министри на ЕУ на 12 декември ги усвои заклучоците за проширувањето, но без да даде препораки за отворање на пристапните преговори со Украина, Молдавија, БиХ, ниту пак да ѝ додели статус на кандидат за членство во ЕУ на Грузија.

Сите можни одлуки по овие прашања сега се оставени на шефовите на државите и на владите во ЕУ, кои ќе заседаваат на 14 и 15 декември (утре и задутре) во Брисел.

Радио Слободна Европа пишува дека станува збор за клучна недела со најважните состаноци и одлуки кои се однесуваат на прашањето за проширувањето на ЕУ во последните 20 години.

Советот на министри на ЕУ донесе уште една важна одлука за Србија, а тоа е дека најдоцна до јануари 2024 година треба да се променат критериумите за Поглавјето 35 во пристапните преговори со Србија, кои подразбираат обврски на патот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Ова значи дека Бриселскиот договор и анексот договорен од Охрид од минатата година ќе постанат обврска на патот за членство на Србија кон ЕУ, но истите обврски што се договорени во Брисел и Охрид ќе важат и за идното зачленување на Косово во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...