fbpx

Потпишана декларација за добрососедски односи меѓу Турција и Грција

Воведена е и дванаесетмесечна програма за визи која ќе овозможи зголемениот број турски туристи да ги посетуваат блиските грчки острови во текот на целата година без да бараат дозволи

-

Грчките и турските власти денеска потпишаа декларација за добрососедски односи, пренесе „Гардијан“. Декларацијата во Атина ја потпишаа министри од двете земји.

Во декларацијата за „добрососедски односи“, беа потпишани 15 договори од министрите што ги претставуваат Грција и Турција, а вклучена е и дванаесетмесечна програма за визи, која ќе им овозможи на турските туристи да ги посетуваат блиските грчки острови во текот на целата година, без да бараат дозволи.

„Тоа е мерка што ги зближува нашите два народи“, рече грчкиот министер за миграција, Димитрис Каиридис.

Грчкиот министер вели дека договорот бил склучен во соработка со Европската комисија.

Турските граѓани во моментов не можат да патуваат без виза во земјите-членки на ЕУ. Сè повеќе Турци почнуваат да летуваат во Грција, а многумина се упатуваат кон островите во Егејското Море, блиску до турскиот брег.

Каиридис рече дека помалите острови без редовни воздушни или бродски линии со Турција биле вклучени во програмата заедно со повеќе популарни дестинации, како што е Родос.

„Чувствувам историска одговорност да ја искористам оваа можност за да ги доведам двете држави една до друга, исто како што се нашите граници“, рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за декларацијата.

ИзворThe Guardian

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...