Платформата „Лице в лице“ и Борче Стаменов се добитници на државната награда „Мето Јовановски”

Наградата е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права

колаж: Мета.мк / Лице в лице

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“ се годинашни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, соопшти Министерството за култура.

Наградата е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски” е Александра Цветановска.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 10 декември (недела) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.