Доделена наградата „Мето Јовановски“ на Платформата „Лице в лице“ и на Борче Стаменов [ГАЛЕРИЈА]

„Платформата „Лице в лице“ постои од 2012 година и е еден од пионерите како социјално претпријатие, со вклучени над 150 продавачи на списанието, на коишто тоа им помогна да излезат од сиромаштијата и социјалната исклученост

-

На Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“ денеска им беше доделена годинашната државна награда „Мето Јовановски“.

На церемонијата во Собранието, Александра Цветановска, претседателот на Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски”, порача дкеа на одборот не му било тешко да ја додели наградата едногласно.

Фото: Метамк

„Платформата „Лице в лице“ постои од 2012 година и е еден од пионерите како социјално претпријатие, со вклучени над 150 продавачи на списанието, на коишто тоа им помогна да излезат од сиромаштијата и социјалната исклученост. Списанието има многу акции со конкретни резултати, од кои мора да се спомене влијанието годинава за промените на Законот за матична евиденција, со кои се реши повеќедеценискиот проблем на лицата коишто немаат извод од матичната книга на родените и државјанство“, напомена Цветановска.

Во поглед на Борче Стаменов, основоположникот на иницијативата „Донирај компјутер“, Цветановска напомена дека со собирање расипани компјутер и нивна поправка или составување функционални компјутери од донираните компјутри, тој овозможува социјално загрозени семејства да дојдат до алатката што овоможува и пристап до основното право на образование.

Досега благодарение на Стаменов, неговите помошници и на хуманите граѓани, над 2.650 компјутери стигнале во рацете на лица во социјален ризик и во 40 училишта во земјава.

Фото: Мета.мк

„Знаејќи дека пристапот до образование е човеково право, улогата на Борче особено беше видлива во времето на пандемијата, при што со негова помош многу деца ја следеа наставата и им се овозможи пристап до ова право“, напомена Цветановска.

Наградите ги примија Маја Раванска од „Лице в лице“ и Стаменов.

Целта на хуманитарната мисија на Борче Стаменов е секој човек во земјава да добие компјутер

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...