Мијалков: Заев лаже, клевети и конструира

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков,  демантира дека зел провизија за купување опрема за потребите на Министерството за внатрешни работи. - Зоран Заев денеска изнесе огромен број лаги и конструкции со кои повторно му нанесе огромна штета на Министерството за внатрешни работи...

„Пуч“ и „бомбите“ го приземјија Груевски

По прес-конференцијата на премиерот Никола Груевски, која се одржа на 31 јануари 2015 година, кога и ја најави аферата „Пуч“, целото внимание на Владата, но и на нејзиниот прв човек, се насочи повеќе кон внатредржавните случувања. На сметка на тоа, пак, почна да заостанува агендата...

„Средношколски пленум“: Продолжуваме погласно и посилно од кога било

„Средношколски пленум“ реагира на денешната средба на Министерството за образование и наука со Унијата на средношколци, кои договорија дека математиката нема да биде задолжителна во полагањето на државната матура. Тие велат дека се дополнително изреволтирани од манипулациите и дека ќе продолжат погласно и посилно...

МОН попушти: Математиката нема да биде задолжителна на матура

Предметот математика во полагањето матура нема да биде задолжителен за сите ученици во средните училишта, туку само за учениците кои се запишани во гимназиско образование и кои на крајот од втората, односно почеток на третата година од средното образование, го одбрале природно-математичкото подрачје. Ова...

СДСМ ги распореди „бомбите“: На 2 април во Куманово, на 4 април во Прилеп, на 8 април во Битола

Следната среда, на 8 април, токму пред Велигден, опозицијата ќе ги фрла „бомбите“ за Битола, потврдуваат извори од општинската организација на СДСМ во Битола. Опозицијата во градот под Пелистер веќе се подготвува за денот, кога лидерот Заев ќе обелодени дел од прислушуваните материјали што се однесуваат...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договорија само да продолжат да преговараат

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ денеска во Брисел остварија средба со европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. По средбата е издадено соопштение во кое единствено стои дека сите учесници се согласиле дека дискусиите треба да продолжат. Освен ова, ниедна информација не протече од...

По митингот, градоначалниците седнаа на штипска пастрмајлија, салати и на „ж’та“

По големиот народен собир во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од Пелагониско, седнаа да прослават во околната кафеана „Мал одмор“ со жолта ракија, вино, салати и со штипска пастрмалија. Од Штип претходно си заминаа автобусите со симпатизерите на партијата од Скопје, Охрид и...

Маљас: За името, Ципрас ви е попрагматичен и пореалистичен соговорник

Првиот грчки амбасадор во Македонија и актуелен член на грчката партија Река, Александрос Маљас, ги оцени мерките за доверба што треба да ги предложи Атина како можност за позитивно придвижување напред кон подобра заедничка иднина за Македонија и за Грција. За време на неговиот...

Пред МРТВ се „пееше“ бушавата азбука на режимот

Стотина граѓани се собраа пред Македонската радио-телевизија (МРТВ) на протестот, кој почна во 12 часот, поради одбивањето на националниот сервис да ги емитува аудиоснимките од „бомбите“ што ги објавува лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Пред присутните, покрај предводникот на протестите, Стојанче Ангелов се обратија и...

ВМРО-ДПМНЕ со голем народен собир утре во Штип

ВМРО-ДПМНЕ утре во Штип, во 13 часот ќе одржи голем народен собир, како дел од карванот на собири што владејачката партија ги организира низ Македонија. Собирот ќе се одржи во спортската сала „Јордан Мијалков“, која има капацитет од 400 седишта. Според познавачите, објектот може да прими...

Народен правобранител: Да слушаа што зборувавме, можеби Тамара немаше да почине

Изминативе три години Народниот правобранител предупредува дека можно е да има големи последици од бавните постапки во кои Фондот за здравствено осигурување одлучува дали некој граѓанин ќе биде испратен во странство на лекување, како што, на крајот, се случи и со малата Тамара Димовска...

Еден отсто од авионските несреќи се последица на самоубиства на пилотите

Копилотот на „Џерманвингс“, Андреас Лубиц, за кој се сомнева дека намерно се заклучил во кокпитот и го урнал авионот, убивајќи се себеси и сите патници во леталото, наводно минувал низ „емоционална криза“. Тој, како што јавуваат германските медиуми, пред неколку недели ја раскинал свршувачката...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нека шири манипулации, ние продолжуваме со градењето патишта

„Денешните наводи на Заев и на СДСМ се крајно тенденциозни, невистинити и целосно манипулативни. Со ова однесување на Заев, тој не само што го гази имиџот на државата, туку и се обидува да ја вовлече државната компанија на Народна Република Кина, како и останатите...

„Маѓар телеком“ за „Мета“: Планираме истрага, но не коментираме за неа

Дали „Маѓар телеком“ ја почна истрагата во „Македонски телеком“/„Ти-мобајл МК“ во врска со сомнежите за вмешаност во масовно прислушување граѓани и дали извештајот од истрагата ќе биде објавен, односно граѓаните ќе бидат запознаени со неговата содржина? Овие две прашања, преку електронска пошта, „Мета“ ги испрати...

СДСМ нема тим за Брисел, ВМРО-ДПМНЕ нема телефон!

СДСМ сè уште нема избрано тим од претставници кои треба да се појават на преговори со ВМРО-ДПМНЕ во Брисел, во вторник (31 март 2015 година). Од владејачката партија, пак, не успеавме да добиеме одговор за тоа дали имаат направено тим што ќе ги пегла разликите со опонентите и ќе...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ идната недела на зелена маса во Брисел

Првата средба меѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ со европските олеснувачи се очекува да се одржи идната недела во Брисел, пренесе „Алсат М“. По завршување на дводневната конференција за политичка култура и за дијалог во организација на Европскиот парламент, иако страните не мрднаа од...

Коцијанчич: Претпристапниот дијалог помеѓу ЕУ и Македонија не е замрзнат!

Претпристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) помеѓу Македонија и ЕУ продолжува на техничко ниво, велат од Европската комисија, по пишувањата во македонските медиуми дека тој процес е замрзнат. - Претпристапниот дијалог продолжува на техничко ниво. Засега нема планови за пленарна средба помеѓу еврокомесарот и премиерот - изјави...

Дипломатите од Иванов побарале или да посредува или да побара помош од ЕУ, а не само да гледа

Претставниците на Европската унија, ОБСЕ, НАТО и на САД апелирале до македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов посериозно да се вклучи во решавањето на политичката криза во земјата и да не биде само набљудувач на настаните, пишува бугарскиот портал „Новините“. Според дипломатите, како што наведува порталот, Иванов...

Ибраимовски: Власта нема бел образ, а не Ромите

„Сакаме слобода“, „И јас сум Ром“, Доста е дискриминација“, „Правда за Ромите“, „Оставка за Јанкулоска“... Со овие извици Ромите од цела Македонија го почнаа маршот против дискриминацијата, што, како што велат, врз нив ја врши власта. Протестот почна од спортската сала „Кале“, каде се паркираа неколку автобуси,...

ВМРО-ДПМНЕ го претрка СДСМ со трибината во Битола

Пред да одекнат најавените „бомби“ на Заев за наводните изборни манипулации и криминали на локалните моќници во градот под Пелистер, ВМРО-ДПМНЕ ја претрка опозицијата и закажа масовен собир во Битола, денеска во 13 часот, во спортската сала „Младост“. По Скопје, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски,...

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...