fbpx

СДСМ ги распореди „бомбите“: На 2 април во Куманово, на 4 април во Прилеп, на 8 април во Битола

-

Следната среда, на 8 април, токму пред Велигден, опозицијата ќе ги фрла „бомбите“ за Битола, потврдуваат извори од општинската организација на СДСМ во Битола.

Опозицијата во градот под Пелистер веќе се подготвува за денот, кога лидерот Заев ќе обелодени дел од прислушуваните материјали што се однесуваат на владини и локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Битола замешани во криминал.

Но, она што ќе биде ново е што опозицијата веќе имала материјали што сведочат како се подготвуваат и местат лустрации на повеќе битолчани кои во изминатиот период беа „жигосани“ со процесот на лустрација.

Најголем дел лустрирани од внатрешноста во Македонија беа токму од Битола.

Станува збор за поранешни локални функционери на СДСМ, високи партиски функционери, како и за вработени во службите за државна безбедност.

Од опозицијата во Битола велат дека пред Битола, „бомби“ ќе одекнат на 2 април во Куманово и на 4 април во Прилеп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...