fbpx

Експлозивна седница во грчкото собрание

-

Вонредната седница на грчкото собрание на која се дискутираше за преговорите со меѓународните кредитори, се одвиваше во експлозивна клима на расправии и на обвинувања меѓу владата и опозицијата. Несогласувањата кулминираа со нагло заминување на пратениците на опозициската Нова демократија од седницата.

Пред инцидентот, поранешниот премиер Андонис Самарас во својот говор остро го критикуваше Ципрас, посочувајќи дека Нова демократија наследила држава во хаос и ја вовела во ред, а СИРИЗА повторно сака да ја втурне во хаос. Според Самарас, Алексис Ципрас ја турка Грција во нов меморандум за штедење, без при тоа да обезбеди финансирање за државата.

Ципрас, пак, остана на својот став дека нема да има веќе рецесивни мерки, ниту меморандум за штедење, намалување плати и пензии и побара од поранешната влада, односно од Нова демократија и од ПАСОК, да ги напуштат старите позиции и да покажат поддршка на владата и на народот за да се стави крај на рецесијата во државата.

Грчката влада се надева со новите мерки да собере 3,2 до четири милијарди евра за државниот буџет. Според листата која се појави во грчките медиуми и се претпоставува дека е листата со мерки што министерот за финансии, Јанис Варуфакис, ја доставил до меѓународните кредитори, главните мерки се поврзани со оданочување на парите на грчки државјани во странство, менување на условите за долговите на грчките должници, справување со даночните затајувачи и оние кои избегнуваат да платат ДДВ.

Според информациите на весникот „Етнос“ од грчкото министерство за финансии, владата ги планира следните мерки и прогнозира одредена сума која тие би помогнале да се влее во државниот буџет:
– 725 милиони евра од контрола на депозитите во странство;
– 350 милиони евра од справување со избегнување да се плаќа ДДВ;
– 350 милиони евра од дозволи за работа на телевизиите;
– 600 милиони евра од нови измени за долговите на граѓаните;
– 300 милиони евра од измени на кодот за оданочување на примањата;
– 270 милиони евра од лотарија со сметки, по пример на Португалија;
– 250 милиони евра од справување со нелегалната трговија со бензин и со тутун;
– 225 милиони од подобрување на механизмот за наплата на јавни трошоци;
– 200 милиони евра од мерките за електронско обложување.

Голем фокус ќе се стави на новите даночни мерки, но, како што велат од владата, не за да се зголеми данокот, туку тој поефективно да се исплаќа и да се наплаќа од оние кои досега избегнувале намирување на даночните обврски и пријава на ДДВ.

Според информациите, владата планира да ја врати 13. пензија за пензионерите кои се во финансиски најзагрозените групи, мерка која ќе ја чини Грција околу 600 милони евра. Но, се планира и стопирање на предвременото пензионирање.

Што се однесува до приватизацијата, владата се надева да добие 1,5 милион евра од нив наспроти предвидениде 2,2 милиони, иако стои на ставот дека нема да се работи за распродавање државен имот туку соработка со конзорциум кој ќе ги заштитува волјата и желбите на граѓаните.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...