fbpx

По митингот, градоначалниците седнаа на штипска пастрмајлија, салати и на „ж’та“

-

По големиот народен собир во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од Пелагониско, седнаа да прослават во околната кафеана „Мал одмор“ со жолта ракија, вино, салати и со штипска пастрмалија.

Од Штип претходно си заминаа автобусите со симпатизерите на партијата од Скопје, Охрид и од Куманово.

На собирот, лидерот на партијата, Никола Груевски, покрај ретроспективата на реализираните инфраструктирни и економски проекти и најавата за нови, упати порака до опозицијата дека „колку и да се мачат“ со нивните сценарија за доаѓање на власт и да „одработуваат за странската служба“, тие ќе продолжат со проектите и никој нема да ги запре.

Груевски го обвини лидерот на опозцијата, Зоран Заев, кого во најголем дел од обраќањето го ословуваше со „овој од опозицијата“, дека откако со неговите соработници увиде дека „бомбите“ што ги објавува имаат мал одзив во јавноста, планира инсценирање меѓуетнички тензии.

– Мора сите да бидеме максимално присебни и да не дозволиме да го направат финалето за кое оваа нивна операција е измислена – рече Груевски.

Пред Груевски, на собирот кој, како и предходните, беше збогатен со културно-уметничка програма, се обратија претеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.

Пешевски во своето обраќање истакна дека опозицијата со последните „бомби“, за ситен политички ќар, ги нарушува односите со Кина, која се покажа како старетегиски партнер од доверба на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...