fbpx

СДСМ до Груевски: Оди си „човече“! Немаш избор!

-

„Никола Груевски се појави на местото на злосторот, во Штип, но не собра храброст да го изговори автопатот Миладиновци – Штип ниту, пак, автопатот Кичево – Охрид, преку коишто ги извозел граѓаните за неверојатни 25 милиони евра“, се вели во писмената реакција на СДСМ за денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Штип и на говорот на лидерот на партијата, Никола Груевски.

„Многу изврте Груевски со познатите „ќе-форми“ во денешниот говор, но останаа неизговорени „најимпозантните“ дела на „патриотот“ Никола Груевски. На пример: парцелите на Водно, до коишто Груевски со работа 24/7, качувајќи се дури преку Белизе, си обезбедил имотна корист од 17 милиони евра, или „патриотскиот“ налог за рушење со динамит на 600-милионската инвестиција „Космос“, „патриотските“ наредби за пиштоли во уста, „патриотските“ планови за „фамилии во ендек“, „патриотското“ маркирање подобни судии со „бројче“…“, стои во реакцијата на најголемата опозициска партија.

Од СДСМ велат дека врв на хипокризијата на Никола Груевски била неговата изјава за зголемување на платите на униформираните и на овластените лица во МВР, кои, како што најави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, треба да се реализираат до 2017 година.

„По студентите, наставниците, хонорарците, волонтерите, сточарите, клекна Груевски и пред оние што ги користеше за партиски цели против сопствениот народ. Се исплаши Никола Груевски од видливата поддршка за вистината, што е сè поочигледна во очите на сите овие луѓе“, велат од СДСМ.

Оттаму го предупредуваат Груевски „да не помисли да ги користи институциите за неговите црни сценарија, како што повеќепати навестува, за да ја спасува сопствената кожа“.

– „Човечињата“ на кои им се смеевте одвратно и со цинизам, се спроти тебе. Во народ. „Сега ти си „човече“. Оди си „човече“! Немаш избор! – се вели на крајот од реакцијата на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...