Дипломатите од Иванов побарале или да посредува или да побара помош од ЕУ, а не само да гледа

Претставниците на Европската унија, ОБСЕ, НАТО и на САД апелирале до македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов посериозно да се вклучи во решавањето на политичката криза во земјата и да не биде само набљудувач на настаните, пишува бугарскиот портал „Новините“.

Според дипломатите, како што наведува порталот, Иванов би можел да биде покровител на политичкиот дијалог или да побара „меѓународно посредништво за постигнување примирје меѓу двете најголеми политички партии“.

„Првиот предлог на странските дипломати е претседателот Иванов да побара дипломатско посредништво од ЕУ. Вториот предлог е самиот Иванов да биде покровител на политичкиот дијалог меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и другите политички парии за излез од кризата“, пишува „Новините“.