fbpx

Запленети рибарски мрежи и риба кај струшко Калишта

-

При патрола на полициската станица за граничен надзор, пронајдени се и одземени рибарски мрежи во должина од околу сто метри со 28 парчиња риба – охридска белвица, во водите на Охридско Езеро.

Мрежите, по консултација со јавниот обвинител и со надлежниот инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство, како строго забранети за риболов, се подигнати заедно со уловот, соопшти портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски.

– Мрежите, како и улов од 28 парчиња риба, охридска белвица, се пронајдени, на 19 овој месец, околу 6 часот наутро, во близина на крајезерската населба Калишта на струшкото крајбрежје, на оддалеченост од околу 300 метри од брегот на езерото. Бидејќи овластениот концесионер во тој дел од Охридско Езеро не ги поставил рибарските мрежи, констатиран е прекршок од Законот за рибарство и аквакултура од непознати лица, по што мрежите во консултација со јавниот обвинител се подигнати за понатамошна постапка – рече Димоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...