„Маѓар телеком“ за „Мета“: Планираме истрага, но не коментираме за неа

-

Дали „Маѓар телеком“ ја почна истрагата во „Македонски телеком“/„Ти-мобајл МК“ во врска со сомнежите за вмешаност во масовно прислушување граѓани и дали извештајот од истрагата ќе биде објавен, односно граѓаните ќе бидат запознаени со неговата содржина?

T

Овие две прашања, преку електронска пошта, „Мета“ ги испрати до „Македонски телеком“, а одговор ни стигна од газдата – „Маѓар телеком“:

– „Маѓар телеком“, како мнозински акционер, е во постојат контакт со „Македонски телеком“ во врска со ова прашање и планира истрага со помош на надворешни експерти. Во согласност со политиката на компанијата, не сме во позиција да даваме коментари за планираната истрага – стои во мејлот од директоратот за корпоративни комуникации на „Маѓар телеком“.

Дописот до „Македонски телеком“ го испративме вчера претпладне, но до крајот на денот не добивме одговор.

„Мета“ истите прашања ги испрати до германскиот телекомуникациски гигант „Дојче телеком“ и фирма-мајка на „Маѓар телеком“.

Од „Маѓар телеком“ потсетуваат на двете реакции на „Ти-мобајл МК“ по наводите за прислушување и оние за злоупотребите на изборите во 2013 година, кои ги изнесе лидерот на опозицијата, а се однесуваа на дел од содржината на снимките, во кои функционер на власта бара од вработена во „Ти-мобајл“ да исклучат телефонски број, бидејќи СДСМ лобирале преку него за изборите.

Во меѓувреме, добивме и допис од „Дојче телеком“, со идентичен одговор како и од нејзината фирма-ќерка, односно дека „Маѓар телеком“ како директен акционер во случајот, ќе ја води планираната истрага, која ќе биде спроведена од независни експерти и дека е сè уште рано да се зборува за истрагата и за тоа како потенцијалните резултати ќе бидат споделени.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...