fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нека шири манипулации, ние продолжуваме со градењето патишта

-

„Денешните наводи на Заев и на СДСМ се крајно тенденциозни, невистинити и целосно манипулативни. Со ова однесување на Заев, тој не само што го гази имиџот на државата, туку и се обидува да ја вовлече државната компанија на Народна Република Кина, како и останатите институции кои учествуваат во овие проекти, во лоши сценарија“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конфереција на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на која тој објави снимки, кои, како што рече, се доказ за тоа како биле местени тендери и биле договорени провизии од власта.

„Зоран Заев и СДСМ не можат да се помират со фактот што оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира огромен број проекти во интерес на граѓаните, како што, впрочем, се и автопатските делници што се градат. СДСМ и Зоран Заев никогаш не изградиле нешто во интерес на граѓаните. Тие својата политика ја базирале, а гледаме дека сè уште ја базираат, на манипулации, сплеткарења и на деструктивно дејствување, спротивно на интересите на граѓаните. Само нека продолжат така. Граѓаните ја препознаваат нивната политика на манипулации, креирања невистини и на монтажи“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека нивните проекти целосно ги демантираат тврдењата на СДСМ и на неговиот лидер и најавуваат реализација на нови во блиска иднина.

„Освен досегашните три автопати, ќе се гради и четврти автопат. Во април ќе излезе јавен повик за концесионер за автопатот помеѓу Кичево и Гостивар, што би требало да значи дека околу Нова година ќе почне изградбата на новиот автопат, кој ќе се гради паралелно со другите автопати. Од август или септември, пак, ќе почне изградбата на нов експресен пат со четири ленти меѓу Штип и Кочани и проширување во ист таков експресен пат помеѓу Градско и Прилеп, а некаде од Нова година и Охрид – Пештани. Следната година ќе почне изградбата на експресниот пат со четири ленти од Ранковце до Крива Паланка и до бугарската граница и процедурата за изградба на експресен пат со четири ленти од Штип до Радовиш“, велат од владејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...