fbpx

Маљас: За името, Ципрас ви е попрагматичен и пореалистичен соговорник

-

Првиот грчки амбасадор во Македонија и актуелен член на грчката партија Река, Александрос Маљас, ги оцени мерките за доверба што треба да ги предложи Атина како можност за позитивно придвижување напред кон подобра заедничка иднина за Македонија и за Грција. За време на неговиот говор на конгресот на ДУИ во Скопје, вчера Маљас рече дека Атина ќе предложи пакет и процес за градење доверба.

– Ова е пакет и процес. Сè додека не постои доверба и верба, потребен е процес за градење на довербата. Не ме изненадува првичната реакција во Скопје за мерките, но се надевам дека вашата влада ќе го ревидира ставот кон мерките. Им должиме на младите генерации подобра иднина и подобра перспектива. Да направиме мерките за доверба да бидат новата иницијатива, иницијативата на новата генерација – истакна Маљас, додавајќи дека младите треба од двете држави да се чувствуваат како пријатели, а не осудени да живеат едни покрај други.

Според Маљас, во моментов не постои реалистичен и прагматичен политички соговорник за Грција. Оцени дека македонската влада ги поткопува грчките иницијативи за напредок, посочувајќи дека премиерот Никола Груевски ја поткопал иницијативата и преговарачката позиција на поранешниот премиер Јоргос Папандреу со одлуката да го подигне споменикот на Александар Македонски во Скопје, фрлајќи ги во вода сите средби и преговори со грчката страна. Маљас истакна дека треба да се стави крај на омразата и на сликата дека Грција е македонскиот непријател. Поранешниот амбасадор посочи и дека ДУИ треба да биде дел од решението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...