fbpx

ДУИ потфрли со најголемото предизборно ветување – „ветингот“ за политичарите, судиите и обвинителите

ДУИ го прекрши ветувањето што им го даде на граѓаните во изборната програма уште пред да се формира владата, поточно уште во преговорите со мандатарот Заев, пишува Порталб.мк

-

Албанската партија ДУИ, која по 2001 година е најдолго на власт и која е одговорна за политичките интервенции во правосудниот систем, и како резултат на тоа и на намалувањето на довербата на граѓаните во правосудниот систем, на  последните парламентарни избори вети, но не го оствари  проектот за „ветинг“. Овој проект предвидуваше контрола на политичарите, обвинителите, судиите и униформираните работници. ДУИ пак вети ветинг во време кога Европската унија официјално соопшти дека еден таков проект не е потребен, пишува Порталб.мк.

Во принцип, „ветингот“ е процес кој служи за контрола на јавните функционери, за потврдување на интегритетот во извршувањето на нивните должности, а неговата цел е да ја врати довербата на јавноста во работата на државните институции. По правило, процесот на ветинг се спроведува со проверка на нечија личност пред да му се понуди работа или за проверка на резултатите по можни сомнежи за злоупотреба. Во зависност од работната позиција или проектот, процесот на ветинг може да се заснова на проверка на вештините, личноста, имотната состојба или кој било друг фактор кој се однесува на целта на ветингот.

Во овие рамки ветингот го вети и Демократската унија за интеграција, која е партија со најдолго време на власт во изминатите 24 години.

Во изборната програма за мандатот 2020-2024 година, ова прашање ДУИ го постави како еден од своите пет приоритети и кое ќе треба да опфати контрола на политичарите, судиите, обвинителите и униформираните работници.

Ако ја погледнеме програмата, зборот „ветинг“ се спомнува 30 пати, во контекст на проверката на способностите и интегритетот на лицата именувани на јавни позиции и се добива впечаток дека со нејзиното спроведување правдата во земјата ќе процвета. Но, ова ветување остана само на хартија, затоа што овој процес во државата не се спроведе, туку беа преземени некои други алтернативни мерки кои не ја исполнуваат реализацијата на овој проект, како што вети оваа партија.

Во јули 2019 година, Европската унија изјави дека ЕУ од Северна Македонија бара да ги спроведе реформите во судството, а „ветингот“ на судиите и обвинителите не е неопходен, бидејќи препораките што ги дале во извештајот на Комисијата во делот на судството се јасни: „Скептицизмот на ЕУ се должи на спроведувањето на ветингот во Албанија, поради кој судовите останаа без судии“.

Но, и покрај јасниот став на ЕУ за ветингот, тој е дел од изборната програма на ДУИ  за претстојните избори во 2020 година, како еден од 5-те приоритети.

Изборите ги добија СДСМ и ДУИ, а при преговорите за формирање на Владата, челниците на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети се договорија се договорија во судството да се спроведе една „чистка“, а политиката за „ветинг“ да се опфати и во владината програма.

Ова е поместување на ДУИ од ставот за ветинг во судството, кој што е ветен во нивната програма. Практично, ДУИ го прекрши ветувањето што им го даде на граѓаните во изборната програма уште пред да се формира владата, поточно уште во преговорите со мандатарот Заев.

Темата за ветингот продолжија да ја „џвакаат“ речиси сите партии, вклучително и ДУИ, секогаш кога судството ќе предизвика некој скандали. Поради длабокиот пораз на локалните избори, премиерот Зоран Заев даде оставка и на негово место дојде  Димитар Ковачевски, кој исто така зборуваше за потребата за ветинг.

И додека ДУИ бара ветинг  за функционерите во нашата земја, Американскиот Стејт Департмент го стави на црната листа високиот функционер на ДУИ и градоначалник на Струга, Рамиз Мерко.

Причината за прогласувањето како персона нон-грата е тоа што Мерко, според АСД, е вмешан во значителна корупција. Во соопштението на Стејт Департментот се наведува дека градоначалникот на општина Струга злоупотребил средства и се мешал во судски и други јавни постапки, нарушувајќи ја довербата на јавноста во демократските институции на Северна Македонија.

Во меѓувреме за неколку недели завршува мандатот на ДУИ и нивните партнери во Владата, а правдата и довербата во правосудниот систем и понатаму се меѓу најниските. Недовербата на граѓаните во правосудниот систем и постоењето на висока корупција е главниот дериват партиите да продолжат со реториката и наративите за наводно враќање на правдата со „магичното стапче“ наречено „ветинг“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...