fbpx

ВМРО-ДПМНЕ го претрка СДСМ со трибината во Битола

-

Пред да одекнат најавените „бомби“ на Заев за наводните изборни манипулации и криминали на локалните моќници во градот под Пелистер, ВМРО-ДПМНЕ ја претрка опозицијата и закажа масовен собир во Битола, денеска во 13 часот, во спортската сала „Младост“.

По Скопје, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, избра од Битола да ги почне трибините низ Македонија.

Битолските челници на ВМРО-ДПМНЕ ги повикаa жителите на пелагонискиот и на демирхисарскиот регион утре да дојдат на собирот во спортската сала и да го искажат својот став за моменталните случувања во државата.

Пратеникот Зоран Илиоски, и локален лидер на ВМРО-. ДПМНЕ во Битола, најави дека токму од Битола ќе биде испратена позитивна порака за единство во државата, за, како што вели, да се види како се сака Македонија.

– Наспроти мрачните и деструктивни сценарија со кои сакаат да нè вратат назад, граѓаните утре ќе можат да ја искажат својата поддршка за политиките на ВМРО-ДПМНЕ, за продолжување на реформите – рече Илиоски.

Пратеникот упати порака и до, како што ги нарече, „злонамерните скептици“ и рече дека на собирот нема да има сендвичи, ниту кафе и локум, ниту, пак, црни пропаганди за ширење омраза.

По одекнувањето на „бомбите“ за изборните манипулации во Струмица, битолчани сè повеќе се интересираат кога „Вистината за Македонија“ ќе „пукне“ и во градот под Пелистер. Ваквиот интерес особено се засили по аудиоснимката на која се слуша како вицепремиерот Зоран Ставрески во разговор со министерката Гордана Јанкулоска , битолскиот градоначланик Владимир Талески го нарекува „криминалец“, кој за бесплатниот превоз склучил „коруптивен договор до даска“.

Потпретседателот на СДСМ, битолчанецот Александар Кирацовски, за новинската агенција „Мета“ вели дека најверојатно најавите на СДСМ и на опозицијата за насочување на „бомбите“ на локално ниво ги вознемириле властите во Битола, па потрчаа да организираат партиски трибини.

– Очигледно дека власта, по најавите на СДСМ и на опозицијата за локална дисперзија или обелоденување факти и аргументи од проектот „Вистина за Македонија“ се видно вознемирени, особено ако се земе предвид ефектот што „бомбите“ го имаат на централно ниво – вели потпретседателот Кирацовски.

Според него, „криминалите за Битола на оваа власт“ ќе излезат на виделина порано или подоцна.

– Откако власта се увери дека резигнираноста кон „бомбите“ не и оди во прилог, реши сама да се впушти во спречување на вистината, во што ве уверувам дека нема да успее – додава Кирацовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Благој Шаклевски, пак, возвраќа дека „бомбите “ на опозицијата се креирани, односно дека нивната веродостојност се утврдува и тие служат за сеење став меѓу народот.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица. Тие кои биле...