Денеска во Скопје важи посебен режим на сообраќај, поради митинг на партијата ВМРО-ДПМНЕ, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Новиот режим започна вчера, со подготвките за денешниот митинг.
Булеварот „Илинден“ ќе е затворен за сообраќај во двата правци од мостот „Гоце Делчев“ до булеварот „Климент Охридски“. МВР соопшти дека во текот на денот, по потреба, ќе бидат затворени и други сообраќајници на поширокото централно подрачје.
Посебниот сообраќаен режим ќе трае до крајот на митингот.
