fbpx

Новите апоени од 200 и од 2.000 денари ќе излезат кон крајот на годинава

Новите банкноти од 200 и 2.000 денари треба да бидат пуштени во оптек кон крајот на оваа или на почетокот од следната година, информираат од Народна банка. Одлука за официјалното пуштање во промет треба да донесе Советот на Народна банка, а подготовките се сè уште во тек. Избрана...

Извозот и увозот во првите два месеци од годинава зголемени во однос на истиот период лани

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-февруари 2016 година, изнесува 696.379.000 долари и бележи пораст од 3,2 отсто во однос на истиот период од минатата година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 913.375.000 долари, што е за 3 отсто повеќе во...

Тасева: Да не се прејудицира туку да се провери дали има Македонци поврзани со „Панама пејперс“

„Не треба да се прејудицира дека доколку Македонци имаат сметки во Панама, тие се поврзани со нелегални пари. Сепак, тоа треба да се провери. Новинарите и истражувачите ќе ги прават достапни информациите етапно и по фази и тогаш треба да се види дали воопшто...

Француската десничарка Марин ле Пен вмешана во аферата „Панама пејперс“

Соработниците на лидерката на француската крајно десничарска партија Национален фронт, Марин ле Пен, воспоставиле офшшор-систем на релација Хонг Конг - Сингапур - Девствени Острови - Панама, тврди францускиот весник „Монд“, повикувајќи се на новооткриените документи за глобалните финансиски малверзации, т.н. „Панама пејперс“. „Монд“ наведува дека...

„Макпетрол“ остана без лиценца за складирање нафта

„Макпетрол АД“ - Скопје повеќе нема да складира сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, затоа што на фирмата не ѝ е продолжена лиценцата за вршење енергетска дејност од Регулаторната комисија за енергетика. - „Макпетрол АД“ - Скопје благовремено поднесе барање за продолжување на...

Панамското правосудство ќе отвори истрага за „Панама пејперс“

Правосудството на Панама ќе отвори истрага за светскиот даночен скандал „Панама пејперс“, кој вклучува политички лидери и познати личности од светот на економијата и на спортот, соопштија панамските власти. - Фактите опишани во домашните и во странски медиуми под името „Панама пејперс“ ќе бидат предмет...

Кученко: Нема докази за вмешаност на Порошенко во аферата „Панама пејперс“

Главниот украински обвинител, Владислав Кученко, денеска изјави дека нема докази дека претседателот Петро Порошенко е вмшен во каква било незаконска работа, во врска со протекувањето на милиони документи кои разоткриваат дека светските богаташи, државници, функционери на ФИФА и 140 истакнати политичари криеле пари во...

Лондон бара копија од „Панама пејперс“

Британската влада побара денеска копија од податоците што протекоа во медиумите за клиентите на адвокатската фирма од Панама, за да може да ги проучи тие информации и да дејствува по повод евентуално затајување данок. Во документите се објавени податоци на неколку стотини илјади клиенти на адвокатската...

Бензинот поскапува, а дизел-горивото поевтинува

Бензинот од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а дизел-горивото и екстралесното масло за домаќинство поевтинуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе биде 61 денар за еден литар, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава по...

Отворен третиот Саем за вработување и за пракса „Контакт“

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, денеска беше отворен третиот Саем за вработување и пракса „Контакт 2016“. Станува збор за саем на кој рабодатавците доаѓаат кај потенцијалните вработени. - На саемот годинава ќе се претстават околу 15 компании кои вработуваат инженери и ова...

Повеќе од 800 даночни обврзници под истрага за затајување данок во Австралија

Повеќе од 800 богати Австралијци се под истрага од даночната управа поради затајување данок, еден ден откако една од најголемите адвокатски фирми на Панама, „Мосак Фонсека“ објави 11,5 милиони документи за тоа како богаташите ги перат парите и избегнуваат плаќање данок. Даночната управа денеска идентификувала...

Почнуваат истраги по аферата „Панама пејперс“

Милиони документи и 2,6 терабајти информации протекоа од базата на една од најголемите адвокатски фирми од Панама, „Мосак Фонсека“, кои откриваат како богаташите ги перат парите, што е едно од најголемите протекување на информации во историјата, поголемо и од „Викиликс“, откритието на Едвард Сноуден. Документите покажуваат...

Се зголемува бројот на блокирани сметки

Бројот на блокирани сметки кај физичките лица во февруари годинава изнесува 77.569, додека кај правните субјекти блокирани се е 44.933 сметки. Во споредба со претходниот месец, бројот на блокирани сметки кај правните лица се зголемил за 329. Бројот на блокирани сметки кај физичките лица во...

Се зголемува невработеноста во САД

Во американската економија во март биле отворени 215.000 работни места, но стапката на невработеност се зголемила, покажуваат денеска објавените податоци на американското министерство за труд. Бројот на нови работни места е подобар во однос на очекувањата на аналитичарите кои прогнозирале отворање на 200.000 работни места,...

Катастарот воведе нова услуга со која се скратува времето за регистрација на имот

Катастарот воведе нова услуга со која се скратува времето и постапката за пренесувањето на недвижност од едно на друго лице и регистрација на имот. Со сегашните измени постапката се извршува во три чекори за шест дена, за разлика од порано кога постапката се извршуваше во...

САД ќе и исплати на Украина дополнителни 335 милиони евра

Белата куќа соопшти дека САД ќе издвои дополнителни 335 милиони долари за Украина како помош за секторот безбедност. Оваа помош следува по состанокот на американскиот потпретседател Џозеф Бајден и украинскиот претседател Петро Порошенко во Вашингтон. Бајден во разговор со Порошенко му порачал дека може да очекува...

НБМ: И визата се важи како основа за отворање сметка во странство

На 25 февруари Народна банка донесе одлука за олеснување на начинот и условите под кои македонските граѓани можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Економските аналитичари сметаат дека оваа одлуката на Народна банка фрла голем сомнеж, заради политичките околности во кои е донесена. Тие...

Љупчо Георгиев е новиот генерален директор на „Мајкрософт“ за Македонија и Косово

Љупчо Георгиев е новиот генерален директор на „Мајкрософт“ за Македонија и Косово. Тој на 2 април ќе ја преземе позицијата од Стефан Плавјански, кој беше директор три години. Георгиев има 19 годишно искуство во оваа област, а пред да му се придружи на тимот на...

САД: Честото воведување на економски санкиции го слабее доларот

Американскиот секретар за финансии Џек Лу предупреди дека честото воведување на економски санкции може да доведе до слабеење на доларот на светскиот пазар и намалување на американското влијание во светот. - Мора да бидеме свесни за фактот дека злоупотребата на санкциите може да ја ослаби...

ОЕЦД: Слабата светска економија ги загрозува финансиите на државите

Слабиот економски раст во светот ја отежнува можноста владите да ги подмируваат своите обврски и долгови, оцени денеска главната економистка на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Кетрин Ман. Оваа организација во ноември ја намали проекцијата за економски раст во светот за годинава. Со помал...

За 71 отсто зголемен бројот на заразени со сифилис, заушки, салмонела, маларија…

Лани во Македонија биле пријавени вкупно 12.958 заболени од акутни заразни заболувања, а претходната година, оваа бројка била 7.567. Ова претставува зголемување за 71,2 отсто, наведено е во последниот...