fbpx

АНАЛИЗА: Општина Гостивар има највисока наплата од данок на имот

Само за плати во првите три месеци, општина Гостивар исплатила 2,9 милиони евра, а втора најтрошковна ставка се придонесите за социјално осигурување во износ од 1,1 милион евра, анализира „Порталб“

-

Од четири анализирани општини во земјава, општина Кичево е со највисока наплата од данок на доход, 33 отсто во однос на планот. Највисока наплата на данок на имот, од 43,5 отсто има општина Гостивар, а најниска – општина Арачиново. Првите три месеци од годинава кое беа изборно „обоени“, се одразија врз општинските буџети. „Порталб“ преку приходните и расходните носечки буџетски ставки, ги анализира финансиите на општините Арачиново, Гостивар, Дебар и Кичево.

Најмногу пари се трошат за плати и придонеси 

Општина Арачиново од данок на доход во првиот изборен квартал од годинава наплатила нецели 12 отсто и нешто повеќе од 19 отсто од данок на имот (околу 25.100 евра). По основа на наплата на такси и надоместоци за три месеци, нема никаков буџетски прилив. На расходната страна највисоки ставки се платите во износ од 329.000 евра и „други градежни објекти“, со износ од 312.700 евра. За „купување возила“ потрошени се 13.800 евра, а нешто пониска сума, за само три месеци, е платена за комунални сметки, греење, комуникации. Буџетскиот трошок за „договорни услуги“ изнесувал 33.200 евра. Наплатата на приходите во однос на годишниот план изнесува 28,3 отсто а на расходите 22,6 отсто.

Општина Гостивар од данок на доход за три месеци наплатила скоро 28,6 отсто, а од данок на имот реализирана е позначајна стапка, наплатени се 43,5 отсто од вкупната сума планирана за цела 2024 година (671.850 евра). Само за плати во првите три месеци оваа општина исплатила 2,9 милиони евра, а втора најтрошковна ставка се придонесите за социјално осигурување во износ од 1,1 милион евра. По основа на „други градежни објекти“, исплатени се скоро 505.000 евра, а за комунални сметки, комуникации, греење, потрошени се 123.800 евра. „Договорните услуги“ во првите три месеци од годинава оваа општина ја чинеле скоро 108.000 евра. Во првиот квартал вкупните буџетски приходи на општина Гостивар биле на ниво од 24,2 отсто, а расходите 23,4 отсто во однос на годишниот план.

Наплатата на данок на доход во првото тромесечје во касата на општина Дебар изнесувала 22,3 отсто, а данокот на имот во однос на годишниот план е реализиран со 31,3 отсто (50.900 евра). На расходната страна за исплата на плати во првите три месеци биле потрошени речиси 870.000 евра и уште 340.000 за социјални придонеси. Позначајна трошковна ставка од 213.100 евра е „други градежни работи“. По основа на сметки за комунални услуги, греење, комуникации, во првиот квартал е платен износ од 75.600 евра, а за „договори услуги“ – 27.500 евра. Реализацијата на вкупните буџетски приходи на општина Дебар во првиот квартал изнесувала 25,2 отсто, а на буџетските расходи – 24,8 отсто.

Општина Кичево во првите три месеци од предизборието по основ на данок на доход наплатила 32,7 отсто, а реализацијата на данокот на имот во однос на планот изнесувала 33,1 отсто или износ од скоро 256.000 евра. Највисока трошковна ставка на оваа општина се основните плати во износ од 2 милиони евра и уште речиси 782.000 евра за придонеси за социјално осигурување. Преку ставката „разни трансфери“, која е втора по висина на износот, се исплатени 362.650 евра. За подмирување на комуналните сметки само за три месеци биле исплатени скоро 154 600 евра, а за „договорни услуги“ 117.000 евра. Вкупните тримесечни приходи во однос на планот се реализирани со стапка од 22,1 отсто, а расходите со 21,1 отсто.

Во вториот дел на „Анализа“ ќе се опфатат буџетите на град Скопје и општините Струга, Тетово, Чаир и Сарај.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над 1000 починати аџии поради високите температури во Мека

Повеќе од 1.000 аџии загинале за време на овогодинешниот аџилак во Саудиска Арабија поради екстремно високите температури, пишува Асошиејтед Прес. Најмногу смртни случаи се пријавени од Египет – 658. Индонезија...